Безбедносни Информации - Samsung VR20T6001M Series Quick Manual

Mopping robot
Hide thumbs Also See for VR20T6001M Series:
Table of Contents

Advertisement

Безбедносни информации
Следниве содржини нудат важни информации за правилно користење на Роботски чистач на подови за
да се спречи оштетување на производот или повреда на корисникот.
Samsung не презема одговорност за техничките или уреднички грешки или пропусти содржани
овде, како ни за случајните или последователни оштетувања и дефекти на уредот предизвикани од
непридржување до предупредувањата и инструкциите.
Предупредување
• Не користете го кабелот за напојување ако е оштетен. Обратете се до авторизиран центар за
поддршка на корисници за поправка или замена на кабелот за напојување.
• При приклучување или вадење на приклучокот за напојување од штекер, приклучете го или
отстранете го држејќи го приклучокот, а не кабелот. Не употребувајте оштетен кабел за напојување
или приклучок.
• Не допирајте го приклучокот или штекерот со влажни раце.
• Не користете го Роботски чистач на подови во соби во кои температурата е пониска од 5 °C/41 °F или
повисока од 40 °C/104 °F.
• Не приближувајте ја косата или широката облека до ротирачките подлоги со крпи.
• Немојте да го користите роботскиот чистач во близина на запаливи материјали (алкохол, бензин,
керозин, разредувач, итн.) или извори на топлина. (цигари, свеќи, шпорет, итн.)
• Доколку од роботскиот чистач доаѓаат невообичаени звуци, мириси или чад, веднаш исклучете го
уредот од штекерот и обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung.
• Немојте да го расклопувате Роботски чистач на подови. Ако не функционира правилно, обратете се
во овластен сервисен центар на Samsung.
• Овој уред можат да го користат деца на возраст од 8 или повеќе години и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности или, пак, недоволно искусни или обучени лица,
доколку бидат надгледувани или им се даваат инструкции во врска со користење на уредот на
безбеден начин и доколку ги разберат опасностите кои можат да произлезат. Децата не смеат да
си играат со уредот. Децата не треба да ја чистат или да ја одржуваат правосмукалката Роботски
чистач на подови без надзор од возрасни лица.
• Роботски чистач на подови не треба да се користи во близина на грејни тела или запаливи
материјали.
− Роботски чистач на подови не треба да се користи покрај оган, како на пример, покрај
преносливо грејно тело, запалена свеќа, столна ламба, камин итн. или на места каде што има
запаливи материјали како бензин, алкохол, разредувач итн.
Овој Роботски чистач на подови е одобрен за следново.
• Директива за низок напон 2014/35/EU
• Директива за електромагнетна компатибилност 2014/30/EU
2 Македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents