Безбедносни Информации - Samsung VS20A95 Series User Manual

Hide thumbs Also See for VS20A95 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПОДгОТОВКА
Безбедносни информации
• Пред да започнете со употребата на апаратот,
внимателно прочитајте го упатството и зачувајте го за
користење во иднина.
• Заради тоа што следните инструкции за ракување
опфаќаат повеќе модели, карактеристиките на
вашата правосмукалка може да се разликуваат од
опишаните.
Симболи кои се користат за внимание/
предупредување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Укажува на постоење опасност од смрт или тешки
повреди.
ВНИМАНИЕ
Укажува дека постои ризик за повреда или материјална
штета.
Други симболи кои се користат
ЗАБЕЛЕШКА
Укажува дека текстот во продолжение содржи важни
дополнителни информации.
• За повеќе информации за еколошките обврски на
Samsung и регулаторните обврски за специфични
производи на пр., REACH (WEEE, батерии) посетете
ја веб-страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/
samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.
html
Доколку не се придржувате до овие правила, можно е
да предизвикате оштетување на внатрешните делови и
да ја поништите гаранцијата.
Општо
• Внимателно прочитајте ги сите инструкции. Пред
да ја вклучите правосмукалката, проверете дали
напонот на вашата електрична мрежа е ист како
напонот назначен на плочката од задната страна на
рачната правосмукалка (од страната на контактот на
батеријата).
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да ја користите
правосмукалката на мокар тепих или под.
• Бидете многу внимателни при користење на какви
било апарати покрај или во близина на деца. Не
дозволувајте правосмукалката да се користи како
играчка. Не дозволувајте правосмукалката да остане
вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката
само за нејзината намена, како што е опишано во
упатството.
• Немојте да ја користите правосмукалката без
кантичката за прав.
• За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за
прав пред да се наполни.
• Немојте да ја користите правосмукалката за
собирање чкорчиња, топол пепел или догорчиња.
Чувајте ја правосмукалката подалеку од шпорети
и други извори на топлина. Топлината може да ги
изобличи и избледи пластичните делови на апаратот.
• Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со
правосмукалката, бидејќи тие можат да ги оштетат
деловите на апаратот.
• Немојте да го блокирате влезниот или излезниот
отвор.
• За да избегнете оштетувања, извадете го приклучокот
држејќи го него, а не со влечење на кабелот.
• Овој уред можат да го користат деца на возраст од
8 или повеќе години и лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности или, пак,
недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат
надгледувани или им се даваат инструкции во врска
со користење на уредот на безбеден начин и доколку
ги разберат опасностите кои можат да произлезат.
Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не
смеат да ја чистат или одржуваат правосмукалката
без надзор на возрасно лице.
• Децата треба да се надгледуваат за да не си играат
со уредот.
• Батеријата мора да се отстрани од главната единица
пред да се започне со чистење или одржување на
правосмукалката.
• Не се препорачува користење на продолжителен
кабел.
• Доколку правосмукалката не работи правилно,
исклучете го напојувањето и посоветувајте се со
овластен сервисер од Samsung.
Македонски 9

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vs20a95823w/ge

Table of Contents