Makita 9031 Instruction Manual page 21

Hide thumbs Also See for 9031:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање или отстранување на
абразивниот каиш
► Сл.3: 1. Задна макара 2. Предна макара
Ставете го каишот преку предната макара. Држете
го алатот како што е прикажано на сликата и
притиснете за да се повлече предната макара за
да можете да го ставите другиот крај на каишот
врз задната макара. Кога го притискате алатот,
внимавајте да не дозволите предната макара да
се сврти неочекувано, предизвикувајќи да изгубите
контрола врз алатот.
НАПОМЕНА:
Стрелката на внатрешноста на каишот и
таа означена на задната макара мора да
покажуваат во ист правец.
► Сл.4: 1. Стрелка
Поврзување на правосмукалката
„Мakita"
ВНИМАНИЕ:
Секогаш затворајте го капакот на
распрскувачот кога правосмукалката не
е поврзана за распрскувачот. Никогаш не
ставајте го прстот во распрскувачот.
Шмирглањето може да биде уште почисто ако
ја поврзете шмирглата-каиш со правосмукалка
„Makita".
► Сл.5: 1. Капаче за распрскувачот 2. Распрскувач
Кога ја поврзувате со правосмукалка „Мakita", по
потреба треба да имате алтернативно црево со
дијаметар од 28 мм.
► Сл.6: 1. Распрскувач 2. Црево 19 3. Црево на
правосмукалка 4. Вакуумски чистач
Кога го поврзувате собирачот на прав „Мakita"
(модел 420S), цревото на собирачот на прав не е
потребен. Можете да ја поврзете шмирглата-каиш
дирктно на алтернативното црево 28.
► Сл.7: 1. Распрскувач 2. Црево 19 3. Собирач на
прав
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Обезбедете го материјалот со стеги, итн, ако
потои можност тоа да се придвижи за време
на работењето.
Алатот не треба да биде во контакт
со површината на материјалот кога го
вклучувате или исклучувате алатот. Во
спротивно, може да биде неквалитетно
шмирглањето, да се оштети каишот или да се
изгуби контрола на алатот.
Кога работите со алатот, многу внимавајте
да не дојде до контакт на алатот и каишот
со некој дел од вашето тело или со некој или
нешто близу вас.
Секогаш користете ја страничната дршка (помошната
рачка) и цврсто држете го алатот за страничната дршка и за
дршката на прекинувачот во текот на работењето. Вклучете
го алатот и почекајте додека не достигне целосна брзина.
Нежно ставете го алатот на површината на материјалот
и движете го алатот напред-назад. Притиснете го нежно
каишот на работната површина. Претераниот притисок може
да го оштети каишот и да го скрати работниот век на алатот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
► Сл.8: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги графитните
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната
ознака. Одржувајте ги графитните четкичките чисти за
да влегуваат во држачите непречено. Двете графитни
четкички треба да се заменат истовремено. Користете
само идентични графитни четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.9: 1. Капаче на држач на четкичка 2. Одвртка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Абразивни каиши
Црево 28
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
21 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents