Samsung VR50T95 Series User Manual page 65

Jet bot
Hide thumbs Also See for VR50T95 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедносни информации
Станица за чистење
• Не модифицирајте го поларизираниот
приклучок за да може да влезе во
неполаризиран штекер или продолжителен
кабел.
• Не ја употребувајте надвор или на влажни
површини.
• Извадете ја станицата за чистење од штекер
кога не се користи и пред да се сервисира.
• За повторно полнење употребувајте ја само
станицата за чистење што е испорачана од
производителот.
• Не употребувајте со оштетен кабел или
приклучок или разлабавен штекер.
• Немојте да влечете или подигате за кабелот,
да го користите кабелот како рачка, да
затворате врата преку кабелот и да го влечете
кабелот околу остри рабови или агли. Чувајте
го кабелот подалеку од загреани површини.
• Не употребувајте продолжни кабли или
штекери со несоодветна преносливост на
струја.
• Не откачувајте го кабелот од приклучокот за
напојување со влечење. За да го откачите,
држете го приклучникот, а не кабелот.
• Немојте да ги оштетувате или палите
батериите бидејќи тие ќе експлодираат при
високи температури.
• Не обидувајте се да ја отворите станицата за
чистење. Поправките може да ги извршува
само квалификуван центар за грижа на
корисници.
• Немојте да ја изложувате станицата за чистење
на високи температури или да дозволите каква
било влага да дојде во контакт со полначот
станицата за чистење.
• Не полнете ги батериите што не се полнат со
станицата за чистење.
Jet Bot
• Не собирајте тврди или остри предмети како
што се стакло, клинци, завртки, парички итн.
• Не употребувајте ја без ставен филтер. При
сервисирање на уредот, никогаш не ставајте
прсти или други предмети во кабината на
вентилаторот во случај уредот ненамерно да
се вклучи.
• Не ставајте никакви предмети во отворите. Не
употребувајте ја кога отворите се блокирани;
погрижете се на отворите да нема прав, конци,
влакна и сè што би можело да го намали
протокот на воздух.
• Не собирајте токсични материјали (средство
за белење со хлор, амонијак, средство за
одзатнување одводи итн.).
• Не собирајте ништо што чади или гори, како
што се цигари, чкорчиња или врела пепел.
• Не употребувајте за собирање запаливи
течности или течности кои согоруваат како
што е бензинот ниту, пак, во области каде што
има такви течности.
• Не треба да се користи ниту во:
- Места во кои има свеќи или столни ламби на
подот.
- Места во кои има огниште (оган или жар) кое
не се надгледува.
- Места во кои има дестилиран алкохол,
разредувач, пепелници со запалени цигари
итн.
• Немојте да ја користите Jet Bot во затворен
простор во кој има испарувања од маслени
бои, разредувач, средства против молци,
запалив прав или други експлозивни или
токсични испарувања.
• При претерана употреба или екстремни
температурни услови, може да дојде до
протекување на батеријата. Доколку течноста
ви ја допре кожата, брзо измијте ја со вода. Ако
течноста ви навлезе во очи, веднаш почнете да
ги плакнете со чиста вода, најмалку 10 минути.
Побарајте помош од медицинско лице.
Македонски
5

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents