Makita BO5040 Instruction Manual page 29

Random orbit sander
Hide thumbs Also See for BO5040:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ја предната дршка, и
цврсто држете го алатот и за предната дршка
и за рачката со прекинувач при работата.
Шмирглање
► Сл.19
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не пуштајте го алатот без абразивниот
диск. Можете сериозно да ја оштетите подлогата.
Никогаш не го форсирајте алатот. Претераниот
притисок може да ја намали ефикасноста за
шмирглање, да го повреди абразивниот диск
или да го скрати животот на алатот.
Ако алатот го користите кога работ на
подлогата е во допир со материјалот, може
да дојде до повреда на подлогата.
Држете го алатот цврсто. Вклучете го алатот и почекајте додека
ножот не достигне целосна брзина. Потоа нежно ставете го
алатот на површината на материјалот. Подлогата нека биде
израмнета со материјалот и малку притиснете го алатот.
ВНИМАНИЕ:
Подлогата за шмирглање ротира во насока на движење
на стрелките на часовникот, но може да ротира и во
обратен правец кога работи без оптеретување.
Полирање
За модел BO5041
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинална подлога „Makita" од
сунѓер, филц или волна (додатоци по избор).
Секогаш работете со алатот на ниска брзина за да
не дојде до прегревање на работната површина.
Никогаш не форсирајте го алатот. Претераниот
притисок може да ја намали ефикасноста
на полирањето и може да предизвика
преоптоварување на моторот, поради што
може алатот да не работи правилно.
1. Ставање восок
► Сл.20: 1. Сунѓереста подлошка
Користете алтернативна сунѓереста подлога.
Нанесете восок на подлогата на сунѓерот или
на работната површина. Пуштете го алатот да
работи на мала брзина за да се израмни восокот.
НАПОМЕНА:
Прво, ставете восок на поголем дел од
работната површина за да бидете сигурни
дека алатот нема да ја изгребе површината
или восокот да биде неправилно распореден.
Секогаш користете го алатот на ниска
брзина. Ако работите на висока брзина, може
да дојде до распаѓање на восокот.
2. Отстранување восок
► Сл.21: 1. Подлога од филц
Користете алтернативна подлога од филц.
Пуштете го алатот да работи на мала брзина за
да се израмни восокот.
3. Полирање
► Сл.22: 1. Волнено перниче
Користете алтернативна подлога од волна.
Алатот нека работи на ниска брзина и нежно
ставете ја волнената подлога на работната
површина.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, проверките на јагленските
честички и замената, како и сите други одржувања
и дотерувања треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Абразивните дискови со систем „Велкро"
(претходно издупчени)
Сунѓереста подлога со систем „Велкро"
Држач на хартиена вреќа за прав
(Само за BO5041)
Подлога од филц со систем „Велкро"
Подлога од волна со систем „Велкро"
Хартиена вреќа за прав
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
29 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bo5041

Table of Contents