Makita DF488D002 Instruction Manual page 32

Cordless driver drill
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи ви
повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате касетата
за батеријата на сила. Ако касетата не може да се
лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
Касетата за батерија е опремена со систем за
заштита кој автоматски ја прекинува излезната
моќност за долготраен работен век.
Алатот ќе запре за време на работењето кога алатот
и/или батеријата се постават во следнава ситуација.
Тоа е предизвикано од активирањето на системот за
заштита и не го покажува проблемот на алатот.
Кога алатот/батеријата е преоптоварена:
Во овој момент, отпуштете го прекинувачот
за стартување, отстранете ја касетата
за батерија и отстранете ги причините
за преоптоварувањето и потоа повторно
повлечете го прекинувачот за стартување за да
рестартирате.
Кога ќелиите на батеријата ќе станат жешки:
Ако се повлече прекинувачот за стартување,
моторот ќе остане во запрен. Во тој момент,
престанете со користење на алатот и оладете
ја касетата за батеријата.
Кога преостанатиот капацитет на батеријата ќе
дојде на ниско ниво:
Ако го повлечете прекинувачот за стартување,
моторот работи уште малку, но набрзо запира.
Во овој случај, за да спречите прекумерно
празнење, извадете ја касетата за батеријата
од алатот и наполнете ја.
Вклучување
► Сл.2: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.3: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
Промена на брзина
► Сл.4: 1. Рачка за промена на брзина
ВНИМАНИЕ:
лизгачот за промена на брзината целосно во
соодветната положба. Ако ракувате со алатот
со лизгачот за промена на брзината поставен
во меѓуположба помеѓу страна „1" и страна „2",
алатот може да се оштети.
ВНИМАНИЕ:
промена на брзината додека алатот работи.
Алатот може да се оштети.
32 МАКЕДОНСКИ
Пред да ја ставите батеријата
Секогаш проверувајте ја
Користете го прекинувачот за
Кога не работите со алатот,
Секогаш поставувајте го
Не користете го лизгачот за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Df488d

Table of Contents