Download Print this page

Makita DFJ203 Instruction Manual page 164

Cordless fan jacket
Hide thumbs Also See for DFJ203:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Копче за турбо (Сл. 10)
Со притискање на копчето за турбо (19), јакната
започнува да работи во турбо-режим за брзо ладење.
Турбо-режимот трае една минута и потоа, брзината на
воздухот се враќа во нормала.
Контрола на протокот на воздух (Сл. 11,
12, 13 и 14)
За одржување стабилен проток на воздух, закопчајте
го копчето кај вратот од јакната. (Сл. 11)
Протокот на воздух внатре во јакната можете да го
контролирате преку закопчување или откопчување на
внатрешните патенти.
Кога ги закопчувате внатрешните патенти (Сл. 12),
поголемиот дел од воздухот минува низ отворот за
вратот со голем волумен. Кога ги откопчувате
внатрешните патенти (Сл. 13), воздухот минува низ
отворите за вратот и ракавите.
За модели со качулка (Сл. 14)
Носете ја качулката со поставен шлем. Воздухот од
вентилаторот минува низ шлемот и ја лади вашата
глава.
Џеб за батерија (Сл. 15)
Вграден е џеб предвиден за чување на држачот на
батеријата (со батеријата) внатре во јакната. Поврзете
го кабелот за напојување со држачот на батеријата, а
потоа, ставете го во џебот. Држачот на батерија од
10,8V е соодветен за овој џеб.
Поврзување USB-уреди (Сл. 16)
ВНИМАНИЕ:
• Поврзувајте само уреди што се компатибилни
со отворот за USB за снабдување со електрична
енергија. Во спротивно, може да дојде до
дефект на држачот на батеријата.
Држачот на батеријата (со батеријата) може да работи
како надворешен уред за снабдување со електрична
енергија за USB-уреди.
Отворете го капакот и поврзете го кабелот за USB (не
е вклучен во пакетот) во отворот за снабдување со
електрична енергија (22) на држачот на батеријата.
Потоа, поврзете го другиот крај од кабелот со уредот и
вклучете го прекинувачот (23) што се наоѓа веднаш до
отворот за USB.
Држачот на батеријата (со батеријата) доставува
еднонасочна струја со напон 5V и јачина 2,1A. Кабелот
за USB може да се постави внатре во јакната заради
удобност користејќи го дупчето на џебот и држачот на
кабел.
НАПОМЕНА:
• Пред да поврзете USB-уред во држачот на
батеријата (со батеријата), секогаш правете
резервни копии од вашите податоци што се наоѓаат
на USB-уредот. Во спротивно, постои можност да
дојде до загуба на вашите податоци.
• Полначот може да не полни одредени USB-уреди.
• Кога не се користи или по полнење, вадете го USB-
кабелот и затворајте го капакот.
• Додека е вклучен прекинувачот веднаш до отворот
за USB, моќноста на батеријата се троши. Секогаш
кога не се користи, исклучувајте го прекинувачот.
164
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали јакната е исклучена и
касетата со батеријата е извадена.
Ако јакната не се вклучува или е настанува
каков било друг проблем со целосно полна
касета со батерија, исчистете ги контактите на
држачот на батеријата и касетата со батеријата.
Ако јакната се уште не работи исправно, запрете
со употребата на јакната и контактирајте наш
овластен сервисен центар.
• Не користете нафта, бензин, разредувач,
алкохол или слично. Тие средства ја вадат
бојата и може да предизвикаат деформации или
пукнатини.
Чистење на јакната
Откачете ги единицата со вентилаторот и држачот на
батеријата од јакната пред да ја перете. Следете ги
упатствата дадени на етикетата.
За DFJ400 и DFJ401
Кога ја перете во машина за перење алишта,
користете мрежа за перење алишта.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
• Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
• Комплет филтри
• Оригинални батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА:
• Некои ставки на листата може да се вклучени во
пакетот како стандарден прибор. Тоа може да се
разликува од земја до земја.

Advertisement

loading