Опционален Прибор - Makita HS7611 Instruction Manual

Hide thumbs Also See for HS7611:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ВНИМАНИЕ:
Исчистете го штитникот за
да се осигурите дека нема насобран прав и
отпадоци, што може да го наруши работењето
на долниот заштитен систем. Ако заштитниот
систем е нечист, тоа може да го ограничи
правилното работење, што може да резултира
со тешка телесна повреда. Најефикасниот начин
да се изврши ова чистење е со употреба на
компримиран воздух. Ако правот се издувува
преку штитниците, носете соодветна заштита
за очи и дишење.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Прилагодување на паралелност
Ова прилагодување е направено фабрички. Но ако
е изместено, можете да го прилагодите со следнава
постапка.
1.
Поставете го алатот на максимална длабочина
на засекот.
2.
Осигурете се сите рачки и завртки да се
стегнати. Малку олабавете ја прикажаната завртка.
► Сл.26: 1. Шраф 2. Основа
3.
Додека го отворате долниот заштитник,
поместете го задниот дел на основата, така што
растојанието на А и В да биде еднакво.
4.
Стегнете ги завртките и пробно исечете за да ја
проверите паралелноста.
Прилагодување прецизност на
засек од 0°
Ова прилагодување е направено фабрички. Но ако
е изместено, можете да го прилагодите со следнава
постапка.
1.
Малку олабавете ги стезните шрафови
однапред и одназад на алатот.
2.
Направете ја основата рамна на сечилото со
помош на триаголен или правоаголен линијар, така
што ќе ја свртите завртката за нагодување.
► Сл.27: 1. Триаголен линијар 2. Основа 3. Шраф
за нагодување 4. Стезен шраф
3.
Стегнете ги стезните шрафови и потоа
направете пробно сечење за да ја проверите
вертикалноста.
Замена на карбонските четкички
► Сл.28: 1. Гранична ознака
Редовно проверувајте ги карбонските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната
ознака. Одржувајте ги карбонските четкички
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете карбонски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични карбонски
четкички.
1.
Извадете ги капачињата на држачите на
четкичките со одвртка.
2.
Извадете ги истрошените карбонски четкички,
вметнете ги новите и стегнете ги капачињата на
држачите на четкичките.
► Сл.29: 1. Држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Сечило на циркуларната пила
Надолжен потпирач (шина-водилка)
Имбус-клуч
Смукалка за прав (со лост)
Смукалка за прав (без лост)
Шина-водилка
Водилка за косина
Стега
Подлога
Гумена подлога
Подлога за положба
Адаптер за шина-водилка
Линијар
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
43 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hs7611k

Table of Contents