Makita DSL800 Instruction Manual page 64

Cordless drywall sander
Hide thumbs Also See for DSL800:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје.
Секој што влегува во работното подрачје
треба да носи заштитна опрема. Парчиња
од обработуваниот материјал или од скршен
додаток може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
9.
Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат во
вртливиот додаток.
10. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
Алатот не смее да е вклучен додека го
11.
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.
12. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат
пожар.
13. Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење. Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар и предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на подлогата или
некој друг додаток што се врти. Заглавувањето или
поткачувањето предизвикуваат нагло запирање
на вртливиот додаток што пак предизвикува
неконтролираниот алат да биде насилно турнат во
насока спротивна од насоката на ротација кај спојот.
На пример, ако подлогата се заглави во предметот
на којшто се работи, работ на подлогата што влегува
во точката на заглавувањето може да се зарие во
површината на материјалот, што ќе предизвика
подлогата да излезе или да отскокне. Подлогата
може да отскокне кон операторот или настрана од
него, зависно од насоката на движење на подлогата
во точката на заглавување. Подлогата може исто
така да се скрши под вакви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
1.
Цврсто држете го алатот и наместете ги
телото и раката, така што ќе можат да ги
издржат силите од повратен удар. Секогаш
користете помошна рачка, ако ја има,
за максимална контрола при повратен
удар или торзиска реакција за време на
стартувањето. Операторот може да ги
контролира торзиските реакции и силите на
повратниот удар ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост.
2.
Не ставајте ја раката близу до вртливиот
додаток. Додатокот може да се одбие преку
раката.
3.
Не поставувајте го телото во подрачјето
каде што алатот ќе се придвижи во случај
на повратен удар. Повратниот удар ќе го фрли
алатот во насока спротивна од движењето на
тркалото во точката на заглавување.
4.
Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот.
Аглите, острите рабови и отскокнувањето
можат да го заглават вртливиот додаток и да
предизвикаат губење контрола или повратен
удар.
Не ставајте сечила за дрворез или назабени
5.
сечила. Таквите сечила често предизвикуваат
повратни удари и губење контрола.
Посебни безбедносни предупредувања за
шмирглање:
1.
Не користете преголем диск со
шмиргла. Почитувајте ги препораките на
производителот кога бирате шмиргла.
Поголема шмиргла што стрчи надвор од
подлогата за стругање е опасна бидејќи може
да ве расече, да предизвика заглавување,
кинење на дискот или повратен удар.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
1.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
2.
Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
3.
Внимавајте, подлогата продолжува да се
врти по исклучување на алатот.
4.
Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
5.
Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
6.
Не користете платнени работни ракавици
при работата. Текстилните влакна од
платнените ракавици може да навлезат во
алатот, што предизвикува кршење на алатот.
Секогаш работете во добро проветрена
7.
област.
8.
Кога го поставувате алатот, секогаш
поставувајте го на рамна и стабилна
површина.
9.
Кога работите со алатот, поврзете го со
вакуумска правосмукалка колку е можно
повеќе за да ја одржувате работната област
чиста и да спречите операторот да вдишува
честички што се создаваат од работата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
64 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dsl800zu

Table of Contents