Забелешки И Мерки На Претпазливост - Samsung Jet Bot VR30T80 Series User Manual

Hide thumbs Also See for Jet Bot VR30T80 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Забелешки и мерки на претпазливост
Монтирање
ЗАБЕЛЕШКА
• Доколку областа за чистење се состои од дрвени
подови, најдобро е да ја монтирате приклучната
станица врз дрвени подови со текстура.
• Ако прекинувачот за напојување на е исклучен,
Jet Bot нема да се полни дури и ако е приклучена
на приклучната станица.
• Секогаш држете ја приклучната станица вклучена.
- Ако нема напојување на приклучната станица,
Jet Bot нема да може да ја пронајде и нема да
може автоматски да се наполни.
- Ако Jet Bot е одделена од приклучната станица,
батеријата природно ќе се испразни.
• Не лепете ги граничните маркери како облик
(-----).
- Jet Bot може да не ги открие и да го премине
ограничувањето.
Полнење
ЗАБЕЛЕШКА
• Доколку батеријата се прегрее за време на
полнењето, можно е да ѝ биде потребно повеќе
време за да се наполни.
• Кога автоматското полнење не работи, направете
го следново:
- Исклучете го прекинувачот за напојување (на
страната на Jet Bot) и повторно вклучете го.
- Исклучете го, а потоа повторно вклучете го
приклучокот за напојување на приклучната
станица.
- Исклучете ја приклучната станица, а потоа
проверете дали има надворешни честички
на контактите за полнење и исчистете ги
контактите за полнење на Jet Bot и приклучната
станица со сува крпа или ткаенина.
- Проверете дали има некакви пречки како
рефлективни предмети, столчиња итн. во
близина на приклучната станица.
• Ако Jet Bot е одделена од приклучната станица,
батеријата природно ќе се испразни.
- Погрижете се Jet Bot да се полни на приклучната
станица. (Меѓутоа, исклучете го прекинувачот за
напојување и оставете ја приклучната станица
невклучена кога имате намера да го напуштите
домот на подолг временски период, како на пр.
за деловно патување, одмор итн.)
Користење
ЗАБЕЛЕШКА
• За време на чистењето, Jet Bot може да биде
фатена на праговите на влезната врата или
веранда итн.
- За повторно да ја започнете операцијата,
исклучете го прекинувачот за напојување,
преместете ја Jet Bot на место каде што ќе може
лесно да се движи, а потоа повторно вклучете го
напојувањето.
• Во темна област, Jet Bot може да ме препознае
предмет.
- Пред чистење, отстранете ги пречките на подот.
• Jet Bot не може целосно да ги исчисти областите
во кои не може да влезе, како на пример малиот
простор меѓу аглите, меѓу каучите и ѕидовите итн.
- Користете друга алатка за нивно редовно
чистење.
• Jet Bot не може да вшмука купови од нечистотија,
па може да се случи на подот да останат такви
купови по чистењето.
- Користете друга алатка за нивно редовно
чистење.
• По исклучување на Jet Bot, почекајте малку,
а потоа повторно вклучете ја за нормално
рестартирање.
Македонски
9

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents