Забелешки И Мерки На Претпазливост - Samsung VS15A60 Series User Manual

Hide thumbs Also See for VS15A60 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Забелешки и мерки на претпазливост
Користење на батеријата
ЗАБЕЛЕШКА
• Доколку правосмукалката не функционира по
полнењето на батеријата, сменете ја батеријата.
Доколку таа не функционира ни со новата батерија,
контактирајте сервисен центар на Samsung.
• Кога купувате батерија во сервисен центар на
Samsung, проверете дали на батеријата го има
оригиналното лого на Samsung (
) и проверете го името на батеријата (серија
VS15A60****: VCA-SBTA60).
ВНИМАНИЕ
• Не ја расклопувајте батеријата или држачот за на
ѕид.
• Не ја изложувајте батеријата на топлина и не ја
фрлајте во оган.
• Бидејќи батеријата е произведена исклучиво за
овој производ, не ја користете батеријата за други
електронски апарати или за други намени.
• Отстранувањето на батеријата за време на
користењето може да предизвика дефект на
производот.
• Доколку ја отстраните батеријата додека работи
моторот на правосмукалката, батеријата нема да
работи 30 секунди по повторното вметнување
поради безбедносни причини.
• Времето на полнење и користење на батеријата
може да се намалат поради поголемата употреба на
батеријата. Кога батеријата повеќе не се полни или
брзо се празни, заменете ја истрошената батерија со
нова.
• Употребувајте го само држачот за на ѕид и батериите
што ги испорачува производителот.
• Пред да ја вметнете батеријата, проверете дали ја
вметнувате во правилна насока и ориентација.
• Кога фрлате нефункционална батерија, ставете ја во
кутијата за собирање батерии за рециклирање.
• Извадете ја батеријата од правосмукалката доколку
не планирате да ја користите подолг временски
период.
10
Македонски
• Кога ја ставате батеријата во правосмукалката,
туркајте ја сè додека не слушнете звук на
кликнување. Тоа значи дека батеријата е соодветно
поставена.
- Во спротивно, батеријата може да падне и да
предизвика оштетување на производот или
повреда.
• Внимавајте да не ви падне батеријата и не ја
удирајте или не ја изложувајте на ненадејни
потреси.
• Не ја расклопувајте батеријата и внимавајте да не
направите краток спој меѓу контактите плус (+) и
минус (-).
• При претерана употреба или екстремни
температурни услови, може да дојде до протекување
на батеријата. Доколку течноста ви ја допре кожата,
брзо измијте ја со вода. Доколку течноста ви навлезе
во очи, веднаш почнете да ги плакнете со чиста
вода, најмалку 10 минути. Побарајте помош од
медицинско лице.
• За да го заштити моторот и батеријата,
правосмукалката може да не работи кога
температурата е пониска од 5 °C или повисока од
45 °C.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jet 60 turbo

Table of Contents