Makita DCL184 Instruction Manual page 49

Cordless
Hide thumbs Also See for DCL184:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги
потфатите прстите помеѓу правосмукалката
и батеријата кога ја вметнувате батеријата.
Фаќањето на прстите може да предизвика
повреда.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата.
Алатот автоматски ќе застане за време на
работењето ако алатот или батеријата се поставени
под еден од следниве услови. Во некои услови,
индикаторската ламбичка светнува.
► Сл.2: 1. Индикаторска ламбичка
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се ракува на начин што предизвикува
да повлекува нетипично висока струја, алатот
автоматски запира и индикаторот светка околу 60
секунди. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата е прегреана, алатот
автоматски запира, а индикаторот за батеријата
трепка околу 60 секунди. Алатот не стартува дури
ни ако го вклучите. Во оваа ситуација, оставете
ја батеријата да се излади пред повторно да го
вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Кога преостанатиот капацитет на батеријата дојде
на ниско ниво, индикаторот трепка. Со натамошна
употреба, алатот запира и индикаторот свети околу
60 секунди. Ако го вклучите алатот, моторот работи
уште малку, но набрзо запира. Во оваа ситуација,
наполнете ја батеријата.
НАПОМЕНА: Времето во кое ламбичката свети
зависи од температурата на работното место и
условите на батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.3: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
49 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents