Опис На Функциите - Makita JR3051T Instruction Manual

Recipro saw
Hide thumbs Also See for JR3051T:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
приклучите кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
може да биде блокиран во положбата „ON" за
поголема удобност за лицето што ракува со
алатот при подолготрајна употреба. Бидете
внимателни кога го блокирате алатот во
положбата „ON" и одржувајте стабилен зафат
на алатот.
ВНИМАНИЕ:
Вратете го прекинувачот во
положба „OFF" (ИСКЛУЧЕНО) доколку дојде
до случајно откачување, прекин на електрична
енергија или доколку напојувањето се прекине
ненамерно. Во спротивно, алатот може ненадејно
да се стартува кога напојувањето ќе се врати, а
тоа може да резултира со телесна повреда.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за
стартување за да сопре.
За постојано работење, повлечете го прекинувачот, а
потоа притиснете го копчето за блокирање. За да го
запрете алатот од блокираната положба, повлечете
го целосно прекинувачот, а потоа, отпуштете го.
► Сл.1: 1. Прекинувач 2. Копче за деблокирање
Кука
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте алатот
да е исклучен и кабелот да е исклучен од
струја при закачување на алатот.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не обесувајте
го алатот на високо или на потенцијално
нестабилно место.
ВНИМАНИЕ:
Не закачувајте го алатот на
вашиот појас или на другите додатоци. Ножот
за убодна пила може да дојде во контакт со
вашето тело и де предизвика телесна повреда.
Куката е корисна за привремено обесување на
алатот.
За да ја користите, само кренете ја додека да влезе
во отворената позиција.
Кога не ја користите куката, секогаш спуштете ја
додека не влезе во затворена позиција.
► Сл.2: 1. Кука
Пред да го
Прекинувачот
26 МАКЕДОНСКИ
Прикачете ја куката следејќи ја постапката.
1.
Вметнете го врвот на засечениот одвртувач во
жлебот и отстранете го капакот со притискање
и лизгање.
► Сл.3: 1. Жлеб 2. Капак
2.
Вметнете ги коцкестите навртки во алатот како
што е покажано на сликата.
3.
Прицврстете ја куката со шрафовите.
► Сл.4: 1. Коцкеста навртка 2. Кука 3. Шраф
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Монтирање или отстранување на
сечилото од убодната пила
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исчистете ги сите
делканици или туѓи тела кои се на сечилото
и/или стегата на ножот. Во спротивно, може да
дојде до недоволно затегнување на сечилото, а
тоа може да предизвика сериозна лична повреда.
Пред да го монтирате ножот на убодната пила,
секогаш проверувајте дали рачката на стегата на
ножот (дел од муфот на стегата на ножот) е во
отпуштена позиција
Ако рачката на стегата од ножот е во фиксирана
позиција, ротирајте ја надесно за да може да се
блокира во отпуштена позиција
► Сл.5: 1. Рачка на стега на сечило 2. Опуштена
позиција 3. Фиксирана позиција
Ставете го ножот за реципрочна пила во стегата за
ножот докрај. Ракавот на стегата за ножот се врти и
го фиксира ножот за реципрочната пила. Осигурете
се дека реципрочниот нож за пилата не може да се
извади дури и кога се обидувате да го извлечете.
► Сл.6: 1. Нож за реципрочна пила 2. Ракав на
стегата на ножот
ВНИМАНИЕ:
Ако не го ставите ножот за
реципрочна пила доволно длабоко, ножот
за реципрочна пила може да се исфрли
неочекувано во текот на работењето. Ова може
да биде многу опасно.
За да го извадите ножот од убодната пила, ротирајте
ја рачката на стегата за нож надесно, во правец
на стрелката, докрај. Ножот на убодната пила е
изваден, а рачката на стегата на ножот е фиксирана
во саканата позиција
► Сл.7: 1. Сечило на убодна пила 2. Рачка на стега
на сечило
ВНИМАНИЕ:
Држете ги рацете и прстите
подалеку од рачката во текот на менувањето.
Во спротивно може да дојде до физички
повреди.
на изолацискиот капак.
.
.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents