Bosch EasyChain 18V-15-7 Original Instructions Manual page 268

Hide thumbs Also See for EasyChain 18V-15-7:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 24
268 | Македонски
Исчистете го извалканото куќиште на пилата со мека
четка и чиста крпа. Не користете вода, разредувачи и
полир пасти. Отстранете го сето ѓубре, особено од
отворите за ладење на моторот. Не користете машина за
миење под притисок за да ја чистите оваа пила за
кроење.
Отсранете го капакот (11), водилката и (15) синџирот за
пилата (14) и исчистете ги со четка за да ги отстраните
остатоците.
Исчистете под покривката (11), дискот (24) и плочата од
преостанатата насобрана валканштина.
Ако ја складирате пилата на подолг период, исчистете го
ланецот (14) и плочата (15). Оставајте ја пилата за
кроење со маската на синџирот (13) на безбедно и суво
место, недостапно за деца.
Не ставајте други предмети врз пилата.
Чувајте ја пилата за кроење подалеку од јаки извори на
топлина за време додека складирана како и при
употребата.
Чувајте ја пилата на безбедно, суво место вон дофат на
деца.
Не менувајте го овој производ. Неовластените
модификации можат да ја расипат безбедноста на Вашиот
производ и можат да ја зголемат бучавата и вибрациите.
Замена и острење на ланецот на пилата
– Ланецот на пилата може да стане затапи ако се користи
долго време или ако дојде во контакт со други
предмети освен од дрво.
– Потребен е остар ланец за пила за оптимални
перформанси и безбедност.
– Никогаш не оштрете го ланецот сами, дури иако имате
искуство во тоа.
– Заменете го ланецот за пила со нов ланец од
дополнителна опрема Bosch или нека го наостри
ланецот стручно лице.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
F 016 L94 755 | (10.01.2024)
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат за
повторна употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 268).
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents