Philips 2000 Series Manual page 105

Cordless vacuum
Hide thumbs Also See for 2000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
-
Полнете го уредот само со доставениот адаптер. Користете само единица за напојување JOD-S-270050GS. Соодветниот број на
адаптерот може да се најде на самиот адаптер.
-
Користете го и чувајте го уредот на температура помеѓу 0°C и 35°C
-
Полнете ги уредот или батеријата на температура помеѓу 10 °C и 35 °C.
-
Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина или на високи температури (60 °C) (во близина на врели печки, во
микробранови печки или на индукциски шпорети). Ако се прегреат, батериите можат да експлодираат.
-
Не изложувајте го на оган.
-
Не спалувајте ги.
-
Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips.
-
Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети.
-
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.
-
За да спречите прегревање на батериите или ослободување токсични или опасни супстанции, немојте да ги модифицирате,
продупчувате и оштетувате производите и батериите и немојте да ги кршите, расклопувате, да предизвикувате краток спој, да ги
преполнувате или обратно да ги полните батериите.
-
За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт
со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
-
Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со
вода и побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред е во согласност со важечките стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто така
можете да се јавите во центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја.
Замена
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто така,
може да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на Philips во вашата земја (за детали за контакт погледнете во листот со
меѓународна гаранција).
Резервни делови и број на типови:
-
Резервен филтер XV1631
Менувајте го филтерот на секои 6 месеци за да се осигури максимално функционирање.
Забелешка: Можете да ги фрлите стариот филтер и четките од микрофибер во нормалниот отпад од домаќинството.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Таа гаранција не е важечка доколку дефектот се должи на неправилно
користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или
за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата (Сл. 3).
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.
-
Овој симбол означува дека е неопходно да се проверат одредбите за рециклирање на вашата општина (Сл. 4).
-
Објаснувањата на симболите за материјали се наоѓаат на приложениот лист.
Отстранување на батериите на полнење
Отстранете ги батериите на полнење од производот кога ќе го фрлате производот. Пред да ја отстранувате батеријата, проверете дали
уредот е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ги фрлате батериите.
За отстранување на батеријата на полнење, следете ги упатствата подолу.
1
Исклучете го уредот од ѕидниот штекер и оставете го да работи сѐ додека моторот не сопре.
2
Притиснете го копчето за отклучување и извлечете ја батеријата од уредот.
Работно време
Режим
Користење на рачната правосмукалка во режимот Турбо
Користење на рачната правосмукалка во режимот Еко
Кодови за грешки и нивното значење
LED сигнал на уредот (или на пакетот
батерии)
Трепка двапати во секунда 10 пати.
Работно време
До 10 минути
До 40 минути
Значење на грешката
Температурата на средината е превисока
или прениска.
Предложено решение
Преместете го уредот во поладна или
потопла просторија. Користете го и чувајте
го уредот на температура помеѓу 0 °C и 35 °C
Полнете ги уредот или батеријата на
температура помеѓу 10 °C и 35 °C.
105

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Xc201 seriesXc2011/01

Table of Contents