Безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги сите информации за
безбедноста пред да го користите уредот за да бидете
сигурни дека работи безбедно и правилно и да научите
како правилно да го фрлите уредот.
Работа и безбедност
•
За да спречите евентуално оштетување на слухот,
не слушајте многу гласно долг период.
•
Користењето неодобрен или несоодветен адаптер
за струја, полнач или батерија може да го оштети
уредот, да го намали животниот век или да
предизвика пожар, експлозија или друга опасност.
•
Идеални работни температури се од 0 °C до 35 °C.
Идеални температури за складирање се од -20 °C до
+45 °C.
•
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да
се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот
и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки
на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете
го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и
не го носете уредот во предниот џеб.
•
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од
прекумерна топлина и директна сончева светлина.
Не поставувајте ги на или во уреди за затоплување,
како што се микробранови печки, шпорети или
радијатори.
•
Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го
користите уредот. За да го намалите ризикот од
незгоди, не го користете безжичниот уред додека
возите.
•
Додека летате во авион или непосредно пред
качувањето, користете го уредот според дадените
178