Bosch GSR 18V-85 C Original Instructions Manual page 187

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (16) од двете страни се до крај во позиција
.
Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (16) од двете страни се до крај во позиција
.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
Прекинувачот за избор на начинот на работа
(8) поставете го на ознаката „Дупчење".
Завртување
Прекинувачот за избор на начинот на работа
(8) поставете го на ознаката „Завртување".
Ударно дупчење (GSB 18V-85 C)
Прекинувачот за избор на режимот на работа
(8) поставете го на ознаката „Ударно
дупчење".
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(17) и држете го притиснат.
LED светилката (13) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (17) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (17).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (17).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (17) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент (Важи за начин на
работење, навртување)
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (7)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 25
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (9)активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Bosch Power Tools
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволениот опсегот на работна
температура се намалува бројот на вртежи. Дури по
постигнувањето на дозволената работна температура,
електричниот алат повторно работи со полн број на
вртежи.
Заштитата од преоптоварување, која зависи од
температурата, се прикажува со црвено светење на LED-
сијаличката (14) на електричниот алат. За повторно да се
достигнат дозволените граници на работната
температура, вклучете го или прекинувачот за избор на
брзина (9) на брзина 1, или користете го електричниот
алат во празен од или почекајте додека LED-сијаличката
(14) не се исклучи. Кога ќе се исклучи LED-сијаличката
(14) уредот повторно ја има постигнато дозволената
граница на работна температура.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED на
електричниот апарат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата Kickback Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Функции на поврзување
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот
на располагање ги имате следните функции на
поврзување за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации
– Управување
Македонски | 187
1 609 92A 4T1 | (06.02.2020)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents