Bosch GAA 18V-24 Original Instructions Manual page 139

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-2986-002.book Page 139 Monday, May 22, 2017 9:34 AM
 При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата.
Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со
течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може
да предизвика кожни иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
 Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од
производителите. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само
на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 ВНИМАНИЕ! Користете ги исклучиво батериите препорачани во
„Технички податоци". При користење на други батерии постои опасност
од експлозија.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.
 Не ја ставајте батеријата во адаптерот, доколку копчињата за
отклучување се скршени или дефектни. Батеријата би можела да испадне
за време на употребата.
 Потрошените батерии треба да бидат испорачани за еколошко
рециклирање. За тоа, погледнете ги упатствата во поглавјата „Транспорт" и
„Отстранување на отпад".
Опис на производот и моќноста
Батерискиот адаптер служи за прифат на Bosch 14,4- или 18-V литиум-јонски
батерии како извор на напон. Со батерискиот адаптер може истовремено да се
снабдат со напон максимално два USB-уреди, како и еден греен елемент за
грејна јакна.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на
графичките страници.
Bosch Power Tools
Македонски | 139
1 609 92A 3UP | (22.5.17)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents