Samsung 4 Series User Manual page 170

Hide thumbs Also See for 4 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нема слика/видео сигнал.
Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани на
телевизорот и надворешните уреди).
Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top Box приемник, DVD, Blu-ray итн.)
да одговара на влезните приклучоци на телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред е HDMI, тој
треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.
Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притиснување на копчето SOURCE на
далечинскиот управувач.
Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на уредот.
Антенска (Ант./Кабел) врска (Кабел: во зависност од земјата)
Телевизорот не ги прима сите канали.
Проверете дали кабелот од антената е добро приклучен.
Обидете се со функцијата Постав. (почетно поставување) да ги додадете достапните канали на списокот со
канали. Одете во MENU - Систем - Постав. (почетно поставување) и почекајте да се зачуваат сите достапни
канали.
Проверете дали антената е правилно позиционирана.
Сликата е изобличена: грешка во макро блокот, малиот блок, точки, пикселизација.
Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено на слики со
брзи движења како кај спортот или динамичните филмови.
Слабиот сигнал може да предизвика изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со телевизорот.
Друго
Сликата не може да се прикаже на цел екран.
HD каналите имаат црни ленти на сите рабови на екранот кога прикажуваат зголемени SD (4:3) содржини.
При гледање филмови кои имаат различен сооднос на сликата од вашиот телевизор, на горниот и долниот раб
ќе се прикажат црни ленти.
Поставете ги опциите за големина на слика на вашиот надворешен уред или телевизор на цел екран.
Далечинскиот управувач не функционира.
- Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–).
- Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
- Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 150-180 см.
Далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник не го вклучува и исклучува
телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот.
Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со
телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set top box приемник и пронајдете го
кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.
Ќе се појави пораката "Режимот не се поддржува".
Проверете ја поддржаната резолуција на телевизорот и соодветно поставете ја излезната резолуција на
надворешниот уред.
Од телевизорот излегува мирис на пластика.
Оваа миризба е нормална и ќе исчезне со тек на време.
UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 14
Македонски - 14
2016-07-11 오후 1:22:29

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents