Makita 9403 Instruction Manual page 21

Hide thumbs Also See for 9403:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вреќа за прав
► Сл.5: 1. Вреќа за прав 2. Одвод за прав
Прикачете ја вреќата за прав на грлото за прав.
Грлото за прав е стеснето. Кога ја прикачувате
вреќата за прав, притиснете ја цврсто на грлото за
прав колку што оди подалеку за да не излезе во
текот на работењето.
Кога вреќата за прав е речиси полуполна,
отстранете ја вреќата за прав од алатот и извлечете
го прицврстувачот. Испразнете ја вреќата за
прав од содржината, нежно потчукнувајќи ја за
да се отстранат делчињата кои се задржуваат во
внатрешноста, што можат пречат при следното
собирање.
► Сл.6: 1. Прицврстувач
НАПОМЕНА:
Ако поврзете правосмукалка „Мakita" на
овој алат, може да се извршат поефикасни и
попрецизни операции.
Графитна плоча
► Сл.7: 1. Челична плочка 2. Графитна плоча
3. Системи за затегнување
За поголема ефикасност на шмирглањето и за да се
движи каишот со помала температура, монтирајте
алтернативна графитна плоча кога шмирглате
цврсто дрво или челик.
Поврзување на правосмукалката
„Мakita"
Шмирглањето може да биде уште почисто ако
ја поврзете шмирглата-каиш со правосмукалка
„Makita".
Кога ја поврзувате со правосмукалка „Мakita", по
потреба треба да имате алтернативно црево со
дијаметар од 28 мм.
РАБОТЕЊЕ
Шмирглање
ВНИМАНИЕ:
Алатот не треба да биде во контакт
со површината на материјалот кога го
вклучувате или исклучувате алатот. Во
спротивно, може да биде неквалитетно
шмирглањето или да се оштети каишот.
Цврсто држете го алатот со двете раце. Вклучете
го алатот и почекајте додека ножот не достигне
целосна брзина. Потоа нежно ставете го алатот
на површината на материјалот. Каишот нека биде
израмнет со материјалот во секое време, и движете
го алатот напред-назад.
Никогаш не форсирајте го алатот. Тежината на
алатот нанесува доволно притисок. Претераниот
притисок може да предизвика доцнење, прегревање
на моторот, горење на материјалот и можен
повратен удар.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
► Сл.8: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги графитните
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги графитните
четкичките чисти за да влегуваат во држачите
непречено. Двете графитни четкички треба да се
заменат истовремено. Користете само идентични
графитни четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.9: 1. Одвртка 2. Капаче на држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Абразивни каиши
Графитна плоча
Вреќа за прав
Црево со внатрешен дијаметар од 28 мм
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
21 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents