која страна на сечилото, но не во негова линија. Повратниот
удар може да предизвика пилата да потскокне наназад, но
јачината на повратниот удар може да биде контролирана
од операторот доколку се преземени соодветни мерки на
претпазливост.
b) Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од
било која причина, ослободете го прекинувачот и држете
го ножот во материјалот без да делувате, се додека не
дојде до потполно запирање на сечилото. Никогаш не се
обидувајте да ја тргнете пилата или да ја повлечете наназед
додека сечилото се движи или може да се појави повратен
удар. Испитајте ги и преземете корективни чекори за да ја
елиминирате причината за свиткување на сечилото.
c) По рестартирање на пилата во обарботуваното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во крвината и проверете
запците на пилата да не се навлезени во материјалот.
Доколку сечилото на пилата е свиткано, може да тргне нагоре
или да излезе од обработуваното парче, кога таа ќе се стартува.
d) Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале
ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар.
Големите панели имаат тенденција да се свиткаат под
сопствената тежина. Мора да биде поставена потпора под
панелот од двете страни, блиску до линијата на сечење и блиску
до работ на панелот.
e) Не користете отапени или оштетени сечила. Ненаострните
или не соодветно поставените сечила создаваат остра кривина
која предизвикува интензивно триење, виткање на сечилото и
повратен удар.
f) Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач
на рачката мора да биде стегнат и обезбеден пред да се
сече. Доколку се промени подесувањето за време на сечењето
може да дојде со свиткување иповратен удар.
g) Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување
во постоечки ѕидови или други армирани површини. Ако
сечилото на пилата дојде во контакт со предмети скриени под
површината, може да ги блокира и да предизвика повратен
удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
a) Провререте ја долната заштита дали е соодветно
затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата
доколку долната заштита не се движи слободно и не се
затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту
врзувајте долната заштита во отворена позиција. Доколку
пилата падне ненамерно, долната заштита може да се свитка.
Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката и
осигурете се дека се движи слободно не допирајќи до сечилото
или било кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
b) Проверете го функционирањето на федерот на долната
заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат
соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани.
Долната заштита може да функционира тромо поради
оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
c) Долната заштита треба да биде рачно повлечена само
при специјални резови како ,,резови со забодување,,
или ,,сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со
повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во
материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена.
При секое друго сечење, долната заштита мора да работи
автоматски.
d) Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото
пред пилата да ја спуштите на маса или под. Незаштитено
лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да тргне наназад,
сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете свесни за
потребното време за кое сечилото престанува да работи, по
ослободувањето на прекинувачот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика
губење на сетилото за слух.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
425_278_BKS18C2_1-3.indd 101
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може
да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој
прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде
нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот
електро-алат.
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од
GBS систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и
триаголно прецизно во дрво.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
МАКЕДОНСКИ
101
07.01.21 16:41