Makita ML007G Instruction Manual page 125

Cordless flashlight
Hide thumbs Also See for ML007G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Полнете ги единствено со полнач одреден од
страна на производителот. Полначот што е
погоден за еден вид на батериски пакет може да
предизвика ризик од пожар ако се користи со некој
друг батериски пакет.
• Користете апарати единствено со специјално
одредени батериски пакети. Користењето на било
кои други батериски пакети може да создаде ризик
од повреди или пожар.
• Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте
го подалеку од други метални објекти, како што
се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови
или други мали метални предмети што можат
да предизвикаат конекција на еден терминал со
друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да
предизвика изгореници или пожар.
• Во услови на злоупотреба, течноста може да
излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако
дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со
вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите,
дополнително побарајте и медицинска помош.
Течноста исфрлена од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
• Не користете го батерискиот пакет или апарат
што се оштетени или изменети. Оштетените или
изменети батерии можат да покажат непредвидливо
однесување, што може да резултира со пожар,
експлозија или ризик од повреда.
• Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот
на прекумерна температура. Изложеноста на
пожар или на температури над 130 °C (265 °F)
може да предизвика експлозија.
• Следете ги сите упатства за полнење на батериите
и не полнете го батерискиот пакет или апаратот
надвор од температурниот опсег одреден
во упатствата. Неправилното полнење или
полнењето на температури надвор од одредениот
температурен опсег, може да ја оштети батеријата
и да го зголеми ризикот од пожар.
• Сервисирањето треба да биде изведено од страна
на квалификувано лице за поправка, кое што користи
само идентични делови за замена. Со ова ќе се
осигура дека се одржува безбедноста на производот.
• Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите
апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот
којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.
Важни безбедносни упатства за
касетата на батеријата
• Пред да ја користите касетата на батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за
предупредување за (1) полначот на батерии,
(2) батеријата и (3) производот што користи
батерии.
• Не ја расклопувајте и не ја оштетувајте касетата
на батеријата. Тоа може да предизвика пламен,
преголемо загревање или експлозија.
• Ако времето на работење станало многу кратко,
веднаш престанете со работењето. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
• Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете
ги со чиста вода и веднаш побарајте
медицинска помош. Тоа може да резултира со
губење на видот.
• Не скратувајте ја касетата на батеријата.
(1) Не допирајте ги терминалите со било каков
спроводлив материјал.
(2) Избегнувајте складирање на касетите на
батеријата во контејнер со други метални
предмети како што се клинци, монети итн.
(3) Не изложувајте ја касетата на батеријата на вода
или дожд. Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на струја, прегревање,
можни изгореници, па дури и дефекти.
• Не складирајте и користете го апаратот и
касетата на батеријта на места каде што
температурата може да достигне или надмине
50 °C (122 °F).
• Не палете ја касетата на батеријата дури и ако е
сериозно оштетена или целосно истрошена. Касетата
на батеријата може да експлодира во пожар.
• Немојте да ја заковувате, сечете, кршите,
фрлате или удирате касетата на батеријата од
тврд предмет. Тоа може да предизвика пламен,
преголемо загревање или експлозија.
• Не користете оштетена батерија.
• Содржаните литијум-јонски батерии подлежат
на законските барања за опасни материи. За
комерцијалните транспорти, на пример за трети
страни, агентите за шпедиција, мораат да се
почитуваат посебните барања за пакување
и еткетирање. За подготовка на предметот
којшто се испорачува, потребна е консултација
со експерт за опасни материјали. Ве молиме
почитувајте ги и евентуално подеталните
национални регулативи. Залепете ги со лента
или маскирајте ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на таков начин, што
нема да може да се движи во пакувањето.
• Кога ја фрлате касетата за батерии, отстранете
ја од апаратот и фрлете ја на безбедно место.
Следете ги вашите локални регулативи во
врска со отстранувањето на батеријата.
• Користете ги батериите единствено
со производите одредени од Makita.
Инсталирањето на батериите во несоодветни
производи може да резултира со пожар,
прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
• Ако алатот не се користи подолг временски
период, батеријата мора да се отстрани од него.
• За време на употребата и после употребата,
касетата на батеријата може да поприми
топлина која може да предизвика изгореници.
Внимавајте кога ги допирате загреаните касети
на батериите.
• Не допирајте го терминалот на касетата веднаш
по употреба бидејќи може да биде толку загреан
што ќе ви предизвика изгореници.
• Не дозволувајте деланки, прав или нечистотија
да навлезе во трминалите и отворите на
касетата на батеријата. Тоа може да предизвика
слаби перформанси или расипување на уредот
или на касетата на батеријата.
125 Македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents