Makita AF353 Instruction Manual page 55

Pneumatic pin nailer
Hide thumbs Also See for AF353:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
► Сл.19
1.
Поставете го адаптерот рамно на материјалот
и држете го алатот цврсто на материјалот.
2.
Повлечете ја рачката за блокирање и целосно
повлечете го прекинувачот за да ја придвижите шајката.
3.
По придвижувањето на шајката, обезбедете
дека целосно сте ги отпуштиле прекинувачот и
рачката за блокирање.
Доколку главата од придвижените шајки остане над
површината од материјалот, држете ја главата на
заковувачот на шајки цврсто кога ја придвижувате шајката.
► Сл.20
НАПОМЕНА: Кога прекинувачот е повлечен по
брзо дејство на прекинувачот, заковувачот може
да не прави ништо, туку да проработи во моментот
и да не испука шајка. Во тој случај, отпуштете го
прекинувачот и рачката за блокирање целосно
пред повторното придвижување на шајката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете криви шајки или
лента за шајки. Во спротивно, може да дојде до
отежнато додавање шајки.
Механизам за празно испукување
Овој алат е опремен со механизам против празно
испукување. Кога во магацинот останале неколку
шајки, прекинувачот ќе се блокира во непритисната
положба за да го спречи активирањето на алатот.
Кога е активиран, наполнете повеќе шајки за да
продолжите со работа.
Индикатор за празно
Кога преостанатиот број на шајки во магацинот
станува низок, индикаторот за празно станува црвен.
Повторно наполнете со шајки кога индикаторот за
празно станува црвен.
► Сл.21: 1. Индикатор за празно
Отстранување заглавени шајки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
отстраните заглавените шајки, секогаш вратете
го прекинувачот и рачката за блокирање и
исклучете го цревото.
Кога шајката е заглавена, отстранете ја на следниов
начин. Проверете дали цревото е исклучено пред да
ги отстраните заглавените шајки.
► Сл.22: 1. Завртка (А) 2. Завртка (Б) 3. Капак на
водач на двигателот
1.
Извадете ги шајките што останале во
внатрешноста на магацинот.
2.
Отстранете го адаптерот за врвот.
3.
Олабавете ги завртките (А) и (Б) завртувајќи
ги околу два пати, користејќи го имбус-клучот
обезбеден со шајката.
4.
Отстранете го капакот на водачот на
двигателот лизгајќи го.
5.
Отстранете ги заглавените шајки, отпадоците,
лепилата и иверките од каналот за шајки.
Пред да ги
55 МАКЕДОНСКИ
6.
Проверете дали во капакот на водачот на
двигателот има заглавени шајки или други туѓи тела.
7.
Вратете го капакот на водачот на двигателот,
обезбедете го со тие две завртки и вратете го
адаптерот за врвот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да се обидете да
извршите проверка или одржување, секогаш
вратете го прекинувачот и рачката за
блокирање и исклучете го цревото.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на заковувачот
Секогаш проверувајте ја општата состојба на алатот
и сите завртки пред да работите со него. Затегнете
по потреба.
Кога алатот е откачен, секојдневно проверувајте
дали рачката за блокирање и прекинувачот се
движат слободно. Не користете го алатот ако
прекинувачот или рачката за блокирање се
заглавуваат или се лепат.
Кога алатот нема да се користи подолго време,
подмачкајте о алатот со масло за пневматски алати
и одложете го на безбедно место. Избегнувајте
изложување на директно сонце и/или влажна и
топла средина.
► Сл.23
Одржување на компресорот,
комплетот за воздух и цревото за
воздух
По работата, секогаш испразнете ги резервоарот
на компресорот и филтерот за воздух. Доколку се
дозволи навлегување влага во алатот, може да дојде
до лошо работење и, потенцијално, до дефект на
алатот.
► Сл.24: 1. Испусен вентил
► Сл.25: 1. Филтер за воздух
Редовно проверувајте дали има доволно пневматско
масло во подмачкувачот на комплетот за воздух. Ако
не се одржува доволно подмачкување, О-прстените
ќе се абат брзо.
► Сл.26: 1. Подмачкувач 2. Масло за пневматски
алат
Цревото за воздух треба да се чува подалеку од
топлина (над 60°C, над 140°F) и од хемикалии
(разредувач, јаки киселини или алкални супстанци).
Исто така, поставувајте го цревото подалеку од
пречки во кои може да се заплетка при работата,
предизвикувајќи опасност. Цревата треба да бидат
и подалеку од остри рабови и области што може да
доведат до оштетувања или гребење на цревото.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents