Одвртување/завртување
Слика7
Само за 6904VH
Кога зашрафувате шрафови, монтирајте адаптер за
бургии (изборен додаток) на алатот и монтирајте
бургија (изборен додаток) во адаптерот.
Држете го алатот цврсто и поставете го врвот од
бургијата во главата од шрафот. Притиснете го
алатот толку колку што е потребно бургијата да не се
лизне од шрафот. Полека стартувајте го алатот и
постепено зголемувајте ја брзината. Отпуштете го
прекинувачот кога шрафот ќе стигне до крај.
НАПОМЕНА:
Користете ја соодветната бургија за главата од
•
шрафот/завртката што сакате да ја користите.
Држете го алатот насочен право кон шрафот затоа
•
што шрафот и/или бургијата можат да се оштетат.
Кога работите со шрафови за дрво, прво
•
дупете дупки-водилки за да биде полесно
зашрафувањето и да не се расцепи работниот
материјал. Дупките-водилки треба да бидат со
малку помал дијаметар од шрафовите за дрво.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, проверете
•
дали алатот е исклучен и откачен од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
•
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, проверките на јагленските
честички и замената, како и сите други одржувања и
дотерувања треба да се вршат во овластени сервисни
центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
•
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Насадници
•
Продолжно вратило
•
Универзален зглоб
•
Адаптер за бургии (само за 6904VH)
•
Бургии Phillips (само за 6904VH)
•
Бургии за насадник (само за 6904VH)
•
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
•
со алатот како стандарден прибор. Тоа може да
се разликува од земја до земја.
32