Опис На Функциите - Makita DLW140 Instruction Manual

Cordless portable cut-off
Hide thumbs Also See for DLW140:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
дека алатот е исклучен и касетата за батеријата
е извадена пред да направите нагодување
или проверка на функциите на алатот. Ако не
го исклучите алатот и не ја извадите касетата
за батеријата, може да дојде до тешка телесна
повреда предизвикана од случајно стартување.
Одблокирање/блокирање на
главата на алатот
Главата на алатот може да се блокира. Секогаш
блокирајте ја главата на алатот кога не го користите
или кога го преместувате.
За да ја одблокирате главата на алатот, притиснете
ја малку и турнете ја иглата за блокирање. За да
блокирате, вратете ја иглата за блокирање додека ја
држите главата на алатот.
► Сл.2: 1. Игла за блокирање
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.3: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА: Алатот не работи само со една
касета за батерија.
Секогаш уверете се
51 МАКЕДОНСКИ
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови. Во некои услови, индикаторите ќе
се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
повлекување прекумерно висока струја, тој
автоматски се исклучува. Во таква ситуација,
исклучете го алатот и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот е прегреан, тој автоматски запира, а
индикаторот за батеријата трепка околу 60 секунди.
Во оваа ситуација, оставете го алатот да се излади
пред повторно да го вклучите.
вклучено
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско
ниво, алатот автоматски ќе запре, а индикаторот
за батерија на потрошената касета за батерија
ќе трепка. Ако производот не работи дури ни кога
прекинувачите ќе се вклучат или исклучат, извадете
ја потрошената касета за батерија од алатот и
наполнете ја.
Трепка
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
► Сл.4: 1. Индикатор за батерија 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка за укажување
на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторите за батерија соодветствуваат на секоја
од батериите.
Трепка
Исклучено

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents