Makita DUB361 Instruction Manual page 30

Cordless blower
Hide thumbs Also See for DUB361:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗЖИЧНАТА ДУВАЛКА
Обука
1.
Прочитајте ги упатствата внимателно.
Запознајте се со контролите и правилната
употреба на дувалката.
2.
Никогаш не дозволувајте деца и лица со
намален физички, сензорен или ментален
капацитет или без искуство и знаење или,
пак, лица кои не се запознаени со овие
упатства да ја користат дувалката. Локалните
прописи може да ја ограничуваат возраста на
операторот.
3.
Може да дојде до струен удар ако се користи
на влажни површини. Да не се изложува на
дожд. Да се чува во затворена просторија.
4.
Имајте на ум дека операторот или корисникот
е одговорен за несреќите или опасностите што
им се случуваат на другите луѓе или нивниот
имот.
Подготовка
5.
Набавете штитници за ушите и заштитни
очила. Носете ги секогаш кога работите со
дувалката.
6.
Секогаш носете цврсти обувки и долги
панталони додека работите со дувалката.
7.
Не носете лабава облека, ниту накит, кои
можат да бидат вовлечени во отворот за
воздух. Држете ја долгата коса подалеку од
отворите за воздух.
8.
За спречување надразнување од прав, се
препорачува да се носи маска за лице.
Работење
9.
Работете со дувалката во препорачаната
позиција и само на цврста и рамна површина.
10. Никогаш не насочувајте го распрскувачот
кон никого во близина кога ја користите
дувалката.
11.
Никогаш не блокирајте ги влезот за смукање
и/или излезот за дување на дувалката.
Не блокирајте ги влезот или излезот на
дувалката заради чистење во правливи
области.
Не користете ја дувалката со
распрскувач кој е помал од
оригиналниот, како на пример нов
распрскувач добиен со поставување
дополнително црево со намален
дијаметар или помало црево во
горниот крај на распрскувачот.
Не користете ја дувалката за
надувување топки, гумени кајчиња или
сл.
Зголемениот број вртежи на моторот може да
предизвика сериозно кршење на вентилаторот
и да резултира со тешка телесна повреда.
Загреаниот мотор и контролното електрично
коло може да предизвикаат пожар.
12. Не пресегајте предалеку и одржувајте
соодветна рамнотежа и стабилна положба на
нозете цело време. Секогаш обезбедувајте
стабилна положба на нозете по стрмнини и
одете, никогаш не трчајте.
13. Не работете со дувалката на површини
со плочки или чакал, на кои исфрлениот
материјал може да предизвика повреда.
14. Никогаш не работете со дувалката кога има
луѓе, особено деца или домашни животни во
близина.
15. Не работете со дувалката во близина на
отворени прозорци и сл.
16. Се препорачува, со дувалката да се работи
само во разумно време од денот - не рано
наутро или доцна навечер кога може да се
предизвика вознемиреност кај луѓето.
17. Се препорачува користење гребла и
метли за разлабавување на отпадот пред
дувањето.
18. Во правливи услови, се препорачува малку
да се навлажнат површините или да се
користи посебен приклучок кој е достапен
на пазарот.
19. Се препорачува да се користи долг
распрскувач така што воздушната струја
да може да делува поблиску до нивото на
земјата.
20. Доколку дувалката удри во надворешен
предмет или почне да прави невообичаена
бучава или вибрации, веднаш исклучете ја
за да го запрете тоа. Извадете ја касетата за
батерија од дувалката и преземете ги следниве
чекори пред одново да ја стартувате дувалката
и да работите со неа:
проверете дали има оштетувања,
кога дувалката е оштетена, однесете ја на
поправка во овластен сервисен центар на
Makita.
21. Исклучете ја дувалката и извадете ја касетата
за батерија, потоа осигурете се дека сите
подвижни делови целосно запреле
секогаш кога ја оставате дувалката,
пред чистење затнати места или
одзатнување на каналот,
пред проверка, чистење или изведување
работи врз дувалката,
за проверка во моментот ако дувалката
почне да вибрира ненормално или
по удар во надворешен предмет за да се
провери дали е оштетена дувалката.
22. Не вметнувајте прсти или други предмети во
доводот за смукање или одводот за дување.
23. Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред вметнување батерии, подигање или
носење на дувалката. Носењето на дувалката
со прстот на прекинувачот или со вклучен
прекинувач е може да предизвика несреќи.
30 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents