Makita DCL142 Instruction Manual page 40

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for DCL142:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте
ги отворените контакти, а батеријата спакувајте
ја, така што нема да се движи слободно во
пакувањето.
11.
Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинални
батерии на Makita. Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување
максимален работен век на
батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Внимавајте да не ги потфатите прстите
помеѓу чистачот и батеријата, како што е
прикажано на дијаграмот, кога ја вметнувате
батеријата. Ако ги потфатите прстите, може
да дојде до повреда.
► Сл.1
Монтирање или отстранување на
батеријата
► Сл.2: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
Држете ги алатот и батеријата цврсто кога
ја монтирате или отстранувате батеријата.
Доколку не ги држите цврсто алатот и
батеријата, тоа може да доведе до нивно
лизнување од вашите раце и да резултира со
оштетување на алатот и на батеријата, како и
со телесни повреди.
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од алатот додека
го лизгате копчето на предната страна на батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и
турнете ја да застане во место. Вметнете ја до крај
додека не се заклучи во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може случајно да испадне од
алатот, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
Чистачот е опремен со систем за заштита
кој автоматски го прекинува напојувањето за
продолжување на неговиот работен век.
Чистачот ќе се исклучи кога чистачот и/или
батеријата ќе се стават во следнава ситуација. Тоа
е предизвикано од активирањето на системот за
заштита и не значи дефект на чистачот.
Кога чистачот ќе се преоптовари:
Во тој момент, отпуштете го прекинувачот и
отстранете ги причините заради кои дошло
до преоптоварување, а потоа, повторно
повлечете го прекинувачот за стартување.
40 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl182Dcl182fDcl182zb

Table of Contents