Makita 4351T Instruction Manual page 35

Hide thumbs Also See for 4351T:
Table of Contents

Advertisement

РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Држете го цврсто алатот со едната рака за
рачката на прекинувачот, а со другата рака за
предната дршка кога работите со алатот.
Секогаш држете го работ на основата
израмнет со материјалот. Во спротивно, може
да се скрши ножот и да дојде до сериозна
повреда.
► Сл.8: 1. Линија на сечење 2. Основа
Вклучете го алатот и почекајте додека ножот
не достигне целосна брзина. Потоа потпрете ја
основата директно на материјалот и нежно движете
го алатот нанапред по претходно означената линија
за сечење. Кога сечете кривулести линии, движете
се многу полека со алатот.
Косо сечење
► Сл.9
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте алатот да е исклучен
или да е кабелот исклучен од струја пред да
ја навалите основата.
Кога основата е накосена, можете косите пресеци да
ги правите со агол од 0° до 45° (лево или десно).
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот. Поместете ја основата
за навртката да дојде во центарот на каналот на
пресекот на основата .
► Сл.10: 1. Основа 2. Завртка 3. Имбус клуч
Навалете ја основата додека не го постигнете
саканиот агол на пресек. Засекот V на куќиштето
на брзините го означува аголот на пресеците по
градација. Потоа зацврстете ја навртката за да ја
прицврстите основата.
► Сл.11: 1. Градација 2. Рамнач на фуги 3. Основа
4. Куќиште на запчаникот 5. Засек V
6. Завртка
Предни пресеци за израмнување
► Сл.12: 1. Основа 2. Завртка 3. Имбус клуч
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот и излизгајте ја основата
целосно наназад. Потоа зацврстете ја навртката за
да ја прицврстите основата.
Исечоци
Исечоци се прават со еден од двата метода A или B.
A) Дупчење на почетна дупка:
► Сл.13: 1. Почетна дупка
За внатрешни исечоци без воведен пресек од
некој агол, претходно издупчете почетна дупка
со дијаметар од 12 мм или повеќе. Ставете
го ножот во оваа дупка за да почнете да го
правите пресекот.
B) Сечење со забивање:
► Сл.14
Нема потреба да издупчите почетна дупка или
воведен пресек ако внимателно го сторите
следново:
(1) Потпрете го алатот на предниот раб на
основата, ножот да е поставен токму над
површината на материјалот.
(2) Потпрете го алатот за предниот раб на
основата да не мрда кога ќе го вклучите
алатот, и спуштете го задниот дел на
алатот нежно и полека.
(3) Кога ножот ќе продре низ материјалот,
полека спуштете ја основата на алатот на
површината на материјалот.
(4) Пресекот завршете го на нормален начин.
Обликување на рабовите
► Сл.15
За обликување на рабовите или за прилагодување
на димензиите, пројдете со ножот лесно по
исечените рабови.
Сечење метал
секогаш користете соодветен разладувач (масло за
сечење) кога сечете метал. Во спротивно, може да
дојде до значително абење на ножот. Наместо да
користите разладувач, долниот дел на материјалот
можете да го подмачкувате.
Собирање на правот
► Сл.16: 1. Распрскувач на прав 2. Основа
► Сл.17
Распрскувачот за прашина (додаток) се препорачува
за прецизни пресеци.
За да го прикачите распрскувачот на прашина
на алатот, ставете ја куката на распрскувачот на
прашина во дупката во основата.
Распрскувачот за прашина може да се инсталира
или на левата или на десната страна на основата.
Потоа, поврзете правосмукалка „MAKITA" за да го
исчистите распрскувачот.
► Сл.18: 1. Распрскувач на прав 2. Црево на
правосмукалка
ВНИМАНИЕ:
Ако се обидете со сила да го тргнете
распрскувачот на прашина, куката на
распрскувачот на прашина може да се
намали и тргне ненамерно во текот на
работењето.
Комплет лизгачка основа (додаток
по избор)
ВНИМАНИЕ:
Пред секое монтирање или отстранување на
додатните делови, проверете дали алатот е
исклучен и откачен од струја.
35 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

4351ct4351fct

Table of Contents