Bosch AdvancedTemp Original Instructions Manual page 374

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 24
374 | Македонски
површината и со зачуван степен на емисија од последното исклучување. Сѐ уште не
е започнато мерење, ласерот е исклучен. По активирање на Копчето за мерење (1)
мерниот уред го започнува мерењето.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го копчето за вклучување/
исклучување/копчето за режим (12) околу 2 s.
Ако околу 5 min, не се притисне ниедно копче на мерниот уред, мерниот уред се
исклучува автоматски заради заштита на батериите.
Подготовка за мерење
Менување на мерната единица за мерење на температурата
За да менувате помеѓу мерните единици Целзиусови и Фаренхајти, притиснете го
копчето степен на емисија (13) околу 3 s.
Актуелната поставка се појавува на екранот за мерна единица за мерење на
температурата (f).
Степенот на емисија при мерење на температурата на површини
За одредување на температурата на површината, ќе се измери бесконтактно
природното инфрацрвено топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект.
За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на мерниот уред да се
провери пред секое мерење и доколку е потребно за се прилагоди на мерниот
објект.
За менување на степенот на емисија кратко притискајте го копчето за степен на
емисија (13) додека на приказот Степен на емисија (e) не се избере соодветниот
степен на емисија за следното мерење. Потврдете го изборот со копчето за
мерење (1) или со копчето за вклучување/исклучување/копче за режим (12).
1 609 92A 7M8 | (03.05.2022)
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents