Bosch Professional GSR 12V-35 FC Original Instructions Manual page 157

Hide thumbs Also See for Professional GSR 12V-35 FC:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
Безбедносни напомени за одвртувачи
Безбедносни упатства за сите типови работа
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете за да не дојде во контакт
со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во
допир со „жица под напон", може да ги изложи
металните делови на електричниот алат „под напон" и
операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
Никогаш не користете поголема брзина од
u
максималната означена брзина на бургијата. При
поголема брзина, бургијата може да се искриви ако
слободно ротира надвор од делот што се обработува, и
да се повредите.
Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
u
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
Притиснете во директна линија со бургијата, и без
u
прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
u
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
u
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Bosch Power Tools
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за завртување и
одвртување на завртки како и за дупчење во дрво, метал
и пластика.
Електричниот алат може да се употребува со аголен
додаток (GFA 12-W), ексцентричен додаток (GFA 12-E),
додаток за држач за битови (GFA 12-X) или додаток за
стезна глава (GFA 12-B).
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Прстен за подесување на вртежниот момент
(3) Прекинувач за избор на брзина
(4) Копче за отклучување на батеријата (2x)
(5) Батерија
(6) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(7) Прекинувач за вклучување/исклучување
(8) Приказ за наполнетоста на батеријата
(9) Работна светилка
(10) Додаток за држачот за битови GFA 12-X
(11) Додаток за стезна глава GFA 12-B
(12) Ексцентричен додаток GFA 12-E
(13) Аголен додаток GFA 12-W
Македонски | 157
A)
A)
A)
A)
1 609 92A 4TV | (03.05.2019)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents