Bosch Professional GMS 100 M Original Instructions Manual page 102

Hide thumbs Also See for Professional GMS 100 M:
Table of Contents

Advertisement

102 | Македонски
Доколку се пребаруваат многу мали или длабоко
поставени предмети, а мерниот приказ (h) отчукува само
малку, поминете со мерниот уред неколку пати
хоризонтално и вертикално над предметот. Внимавајте на
отчукувањето на фината скала (i).
Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба
u
да се заштитите од опасности и со помош на други
извори на информации. Бидејќи на мерните
резултати може да влијаат околните влијанија или
составот на ѕидот, постои опасност, иако мерниот
приказ (h) не покажува предмет во полето на сензорот
(не се слуша звучен сигнал и светлечкиот прстен (1)
свети зелено.
Приказ на метални предмети
Ако мерниот уред се наоѓа над метален предмет
(светлечкиот прстен (1) свети црвено), на екранот се
прикажува видот на металот: кај магнетизирани метали
(на пр. железо) се појавува приказот за магнетизирани
метали (d), а кај немагнетизирани (на пр. бакар) се
појавува приказот за немагнетизирани метали (c).
За да се направи разлика помеѓу видовите метали,
мерниот уред мора да биде над металниот предмет што е
пронајден (светлечкиот прстен (1) свети црвено и
фината скала (i) покажува високо отчукување).
Напомени: кај подлога што се пребарува со челична
арматура и армирано железо, над целата површина ќе се
прикаже отчукување во мерниот приказ (h). Обично кај
челична арматура, директно над армираното железо се
појавува приказот за магнетизирани метали (d), а меѓу
армираното железо се појавува приказот за
немагнетизирани метали (c).
Приказ на струјни кабли
Доколку се пронајде струен кабел, на екранот се појавува
приказот за струјни кабли (e). Повторете го движењето
над површината со мерниот уред, за поточно да ги
лоцирате струјните кабли. По повеќекратно поминување
со уредот над површината, струјниот кабел ќе се прикаже
многу прецизно. Доколку мерниот уред е многу блиску до
кабелот, светлечкиот прстен (1) трепка црвено и се
слуша забрзан звучен сигнал.
Напомени:
– Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр.
светла, уреди), доколку истите се приклучени и
вклучени на кабелот што се бара. Исклучете ги
потрошувачите на струја, пред да дупчите во ѕид,
сечете или глодате.
– Под одредени околности (како на пр. метални
површини или зад површини со голема содржина
на вода) струјните кабли не може да се пронајдат
со сигурност. Јачината на сигналот за струјните кабли
зависи од положбата на кабелот. Затоа проверете со
дополнителни мерења во близина или преку други
извори на информации, дали постојат струјни кабли.
– Струјните кабли може да ги пронајдете како метални
предмети со режимот на работа Метал. Притоа не се
1 609 92A 6V7 | (16.08.2021)
прикажуваат жичените кабли (за разлика од каблите
од тврд материјал).
– Статичкиот електрицитет може да доведе до тоа,
каблите да се прикажат непрецизно (на пр. преку
поголем простор) или воопшто да не се прикажат. За
да го подобрите квалитетот на приказот, поставете ја
вашата слободна дланка покрај мерниот уред на ѕидот,
за да создадете статички електрицитет.
Совети при работењето
Обележување на предмети
По потреба, може да го обележите пронајдениот
предмет. Мерете како и обично.
Доколку сте ги пронашле границите или средината на
металниот предмет, означете го лоцираното место со
отворот за означување (2).
Контрола на температурата
Мерниот уред е опремен со контрола на температурата,
бидејќи прецизното мерење е возможно само доколку
температурата во внатрешноста на мерниот уред е
константна.
Доколку светне приказот Контрола на температурата (f),
мерниот уред се наоѓа надвор од границите на
дозволената работна температура или бил изложен на
јаки температурни осцилации.
Исклучете го мерниот уред и оставете го најпрво да се
темперира, пред повторно да го вклучите.
Функција за предупредување
Ако на екранот свети приказот за предупредување (b)
мерењето мора одново да го започнете. Тргнете го
мерниот уред од ѕидот и поставете го на друго место на
подлогата.
Ако на екранот трепка приказот за предупредување (b)
тогаш испратете го мерниот уред кај овластена Bosch-
сервисна служба.
Дополнителна калибрација
Доколку мерниот уред (h) постојано отчукува, иако нема
метален предмет во близина на мерниот уред, можете
рачно дополнително да го калибрирате мерниот уред.
Проверете дали приказот на батеријата (g)
покажува уште најмалку 1/3 од капацитетот.
– Исклучете го мерниот уред.
– Отстранете ги сите предмети коишто би можеле да се
прикажат од близината на мерниот уред (исто така и
рачните часовници или прстени од метал).
Држете го мерниот уред хоризонтално во воздух, така
што задната страна на мерниот уред ќе покажува кон
подот.
Избегнувајте јаки извори на светлина или директно
сончево зрачење на задната страна на мерниот уред,
без да го покриете овој дел.
– Вклучете го мерниот уред. Штом ќе стартува мерниот
уред, веднаш притиснете го копчето за вклучување/
исклучување (4) и задржете го притиснато. Не го
отпуштајте копчето за вклучување/исклучување
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

3 601 k81 100

Table of Contents