Користење на упатството
Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го
прочитате упатството и да посветите особено внимание на
безбедносните информации кои се дадени подолу. Зачувајте го
упатството за користење во иднина.
Доколку уредот го дадете на друго лице, ве молиме на новиот
сопственик да му го предадете и упатството.
ВО ОВА УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ СЕ
УПОТРЕБУВААТ СЛЕДНИТЕ СИМБОЛИ:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни
повреди или смрт.
ВНИМАНИЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали
повреди или оштетување на околината.
ВНИМАНИЕ
За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен удар
и други повреди при употребата на плотната, придржувајте се кон
следните мерки на претпазливост.
ЗАБЕЛЕШКА
Корисни совети, препораки или информации кои ќе им помогнат на
корисниците во ракувањето со производот.
СЕРИСКИ БРОЈ И ИМЕ НА МОДЕЛОТ
Серискиот број и името на моделот се обележани под основата на плотната.
Во случај да ви требаат за во иднина, запишете ги информациите или
прикачете ја дополнителната ознака од производот (сместена на горната
страна на производот) на тековната страница.
Име на модел
Сериски број
C21RJAN_BOL_DG68-00139A_08_BG+HR+MK+RO+SR+SL+EN.indb 3
3
MK
2018-11-13 PM 3:15:01