Полнете ја батеријата додека ЛЕД-ламбичката не почне да свети со ПОСТОЈАНО
ЗЕЛЕНО СВЕТЛО означувајќи дека е полна.
Извадете го адаптерот за напојување и од апаратот и од ѕидниот приклучок. Се
препорачува штом батеријата ќе се наполни да се исклучи адаптерот за напојување за да
се зачува батеријата.
Чистење и одржување
Внимание
•
Не ги ставајте во автоклав комплетот за уста и апаратот.
•
Не ги ставајте деловите од уредот во микробранова печка или рерна.
•
Не го ставајте апаратот во течност и не го чистете со пареа.
•
Никогаш не ја прободувајте и не ја чистете мрежата со остар предмет, бидејќи ќе се оштети.
•
Не го чистете уредот додека е во употреба.
•
Пред чистење исклучете го уредот од напојување.
Чистење
По секоја употреба:
•
Отстранете ги сите остатоци од лекот од комората.
•
Притиснете го копчето за ослободување на комплетот за уста за да го одделите делот за
уста од апаратот.
•
Темелно исплакнете го делот за уста под млаз вода од чешма.
•
Протресете го за да ги отстраните остатоците вода и оставете го целосно да се исуши
пред да го складирате.
Секојдневно чистење
•
Рачно мијте го делот за уста во сад со топла вода со сапуница (течен детергент за миење
садови) во рок од 2 минути.
•
Темелно исплакнете го делот за уста под млаз вода од чешма.
•
Протресете го за да ги отстраните остатоците вода и оставете го целосно да се исуши
пред да го складирате.
152
1128271R02_InnoSpireGo_Euro2_Spreads_IFU_10B_FINAL.indd 152
11/8/17 5:07 PM