Bosch 0 607 595 100 Original Instructions Manual page 141

Hide thumbs Also See for 0 607 595 100:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
OBJ_BUCH-2097-002.book Page 141 Friday, December 9, 2016 3:00 PM
Монтирање на водилката за листот за пилата
(види слики A1 –A2)
– Олабавете ги шрафовите 8 од куќиштето и извадете ги.
Поставете ја водилката на листот за пилата 3 на
куќиштето, така што чивиите за прифат ќе дојдат до
соодветните отвори. Зашрафете ја цврсто водилката на
листот за пилата 3 со шрафовите 8 на куќиштето.
Вметнување/менување на листовите за пила
(види слики B1 –B2)
 При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
– Олабавете ги шрафовите со назабена глава 6 и
извадете ги истите заедно со прстените-пружини и
покривната плоча 7.
 Поставете го парот листови за пила 5 најпрво на
долната страна во водилката на листот за пила 3.
Внимавајте на тоа, должинскиот процеп на листовите
за пила да дојде до водечкиот клин на водилката на
листот за пила.
 На крај закачете го парот листови за пила 5 во запците
на зафаќачот така што, листовите за пила ќе лежат
беспрекорно во водилката за прифат.
– Поставете ја покривната плоча 7 на клиновите со навој
на куќиштето и прицврстете ги со шрафот со назабена
глава 6. Проверете дали прстените-пружини се точно
вметнати.
Монтирање на основната плоча (види слика C)
– Поставете ја водилката на листот за пила 3 во
соодветните вдлабнатини на основната плоча 4. Цврсто
затегнете ги затезните шрафови 9.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Bosch Power Tools
– Зашрафете спојница за црево 1 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 10.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 1 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 10 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 11 цревото за довод на
воздух 12, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 1, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
лостот 2 и држете го притиснат за време на работниот
процес.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
лостот 2.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Основна плоча со лизгачки валјак
Пилата за пенести материјали може да ја употребувате со
или без основната плоча. Основната плоча со лизгачки
валјак овозможува лесно и правоаголно водење на
пилата.
За сечење на саканите облици и за изработка на исечоци,
најдобро е да работите без основната плоча.
Обработка на пенести материјали
За изработка на прецизни изрези, пред сѐ кај меки
пенести и слични материјали, работете само со просечен
притисок. Не го притискајте или растегнувајте премногу
материјалот при обработката.
За изработка на помали исечоци, демонтирајте ја
основната плоча. Боцнете со еден нож или ножици во
материјалот, и потоа ставете ја водилката на листот за
пилата во отворот и направете го исечокот.
За изработка на поголеми исечоци, изберете отвор со
големина во која ќе може да се вметне водилката на листот
за пила со монтирана основна плоча. Внимавајте да нема
препреки на подлогата. Движете го пневматскиот алат со
просечен притисок по должина на линијата на исечокот.
1 609 92A 37X | (9.12.16)
Македонски | 141

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents