Samsung NK36M5070FS Installation Instruction Manual page 54

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 25
Начин на употреба
Т1. Вклучување ON / Исклучување OFF на моторот за вшмукување:
Кога аспираторот е вклучен на било која брзина, со притискање на копчето
T1, тој се исклучува.
Кога аспираторот е исклучен (OFF) со притискање на копчето T1, тој се
вклучува на брзина 1.
Т2. Намалување на брзината
Со притискање на копчето "Т2" се намалува брзината, од интензивната
брзина 4 до брзината 1.
Т3. Зголемување на брзината
Со притискање на копчето (аспиратор во состојба ON) се зголемува брзината
на моторот од брзина 1 до интензивната (темпирана) брзина.
Брзина 1 лед L1
Брзина 2 лед L2
Брзина 3 лед L3
Интензивна (темпирана) брзина светлечки лед L4
Забелешка: Интензивната (темпирана) брзина 4 останува во функција 5
минути, по што аспираторот автоматски ја поставува брзината 3
Т4. Темпирање на брзината
Темпирањето на брзината се активира со притискање на копчето Т4, а по
истекување на темпираното време, аспираторот се исклучува.
Темпирањето може да се активира по следнава шема:
Брзина 1 - 20 минути (лед L1)
Брзина 2 - 15 минути (лед L2)
Брзина 3 - 10 минути (лед L3)
Интензивна брзина - 5 минути (светлечки лед L4)
За време на темпираното вшмукување, со притискање на копчето T2,
аспираторот излегува од темпираниот режим и ја намалува брзината.
Со притискање на копчето Т3, аспираторот излегува од темпираниот режим и
ја зголемува брзината.
Со притискање на копчето Т4, аспираторот излегува од темпираниот режим,
одржувајќи ја поставената брзина.
T5. ON / OFF Светла
Контрола и конфигурација на сигнализацијата за заситеност на филтрите:
Предупредување за филтерот за маснотии
По 40 часа работење, L1 трепка.
Кога оваа сигнализација ќе се појави, треба да се изврши одржување на филтерот
за масти.
За да го ресетирате алармот, држете го копчето Т1 притиснато за 3". (аспиратор
во вклучена состојба).
Ледот L1 ќе престане да трепка и аспираторот се исклучува (OFF).
Сигнализација за јаглениот филтер
По 160 часа работење, L2 трепка.
Кога оваа сигнализација ќе се појави, треба да се изврши одржување на јаглениот
филтер.
За да го ресетирате алармот, држете го копчето Т1 притиснато за 3". (аспиратор
во вклучена состојба).
Ледот L2 ќе престане да трепка и аспираторот се исклучува (OFF).
Во случај на истовремена сигнализација за двата филтри, L1 и L2 трепкаат
наизменично.
Ресетирањето се постигнува со повторување 2 пати на погоре опишаната
постапка.
Првиот пат се ресетира алармот за заситеност на јаглениот филтер, а вториот го
ресетира алармот за филтерот за маснотии.
Во стандарден режим сигнализацијата за јаглениот филтер не е активна.
Ако аспираторот се употребува во верзија за филтрирање, потребно е да се
активира сигнализацијата за јаглениот филтер.
54
Активирање на сигнализацијата за јаглен филтер:
Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги копчињата Т2+Т3 притиснати 3".
Откако ќе притиснете, ледот L1 ќе трепка 1".
L1 и L2 ќе трепкаат додека не се слушне еден звучен сигнал, со кој се потврдува
активирањето; аспираторот се враќа на OFF.
Деактивирање на сигнализацијата за јаглен филтер:
Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги копчињата Т2+Т3 притиснати 3".
Откако ќе притиснете, ледот L1 и L2 ќе трепкаат 1".
Ледот L1 ќе трепка додека не се слушне еден звучен сигнал, со кој се потврдува
деактивирањето; аспираторот се враќа на OFF.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents