За вадење на батериите одн. акумулаторските батерии, притиснете на копчињата за
отклучување (23) на капачето за затворање (24) и повлечете го. Извлечете ја
ставената обвивка (22) од отворот (21).
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
Извадете ги батериите одн. акумулаторските батерии од камерата за
u
проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време
складирани во камерата за проверка, батериите одн. акумулаторските батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Работење со батерија (види слика B)
Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци.
u
Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашата
камера за проверка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани
меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За ставање на наполнетата акумулаторска батерија (14) ставете ја во отворот (21),
додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за
проверка.
За вадење на батеријата (14) притиснете на копчињата за отклучување (23) и
извлечете ја акумулаторска батерија од отворот (21). Притоа не употребувајте
сила.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте
батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и
мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтирање на кабел за камерата (види слика C)
За користење на камерата за проверка, мора да се монтира кабелот на камерата (1)
на рачниот уред (13).
Ставете го приклучокот на кабелот за камерата (1) правилно на конекторот на
камерата (25), додека не се вклопи.
Bosch Power Tools
Македонски | 341
1 609 92A 89L | (17.03.2023)