Samsung DJ68 User Manual page 19

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 33
безбедносни информации
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
1. Внимателно прочитајте го целото упатство. Пред вклучувањето, проверете
дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како оној назначен на
плочката од долната страна на правосмукалката.
2. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Немојте да ја користите правосмукалката кога
3. Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав.
За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно
да се наполни.
4. Поставете го копчето на позицијата Стоп (или Min(Мин)), пред да го
вклучите апаратот во струја.
5. Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол
пепел или отпушоци.
Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина.
Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
6. Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката,
бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот. Не газете го
составот со цревото. Не ставајте тешки предмети врз цревото.
Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.
7. Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите
приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред
да ја менувате вреќичката или садот за прав. За да избегнете оштетувања,
извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.
8. Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со
намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни
или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се
дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
9. Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
10. Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или
одржувањето на апаратот.
11. Не се препорачува користење на продолжен кабел.
12. Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и
посоветувајте се со овластен сервисер.
13. Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на
производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се
избегнат несакани ситуации.
14. Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото.
Користете ја рачката на куќиштето.
15. Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката.
Исклучете ја пред да го извадите кабелот.
тепихот или подот се мокри.
Не користете ја за всмукување вода.
безбедносни информации _03

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents