Bosch C10 Operating Instructions Manual page 158

Hide thumbs Also See for C10:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
Полнач Bosch C10 I Упатство за работа
Држете ги децата подалеку од полначот.
◾ Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или недостаток на искуство и
знаење доколку се под надзор или добиле инструкции за безбедно користење на
уредот и ги разбираат опасностите поврзани со него.
◾ Децата не смеат да се играат со уредот.
◾ Децата не смеат да вршат чистење и нега без надзор.
◾ Само за внатрешна употреба.
Еколошко одлагање
Помогнете во заштитата на животната средина! Имајте ги предвид локалните
прописи. Електричните уреди што веќе не може да се користат мора да се собираат
посебно и да се одлагаат на еколошки начин.
Амбалажите со состојат од еколошки материјали што може да се одлагаат во
локалните компании за рециклирање.
3 Работа
3.1 Пред пуштање во работа
1. Пред приклучување на полначот, прочитајте го упатството за работа на батеријата.
2. Имајте ја предвид препораката на производителот на возилото кога батеријата
уште е поврзана со возилото.
3. Исчистете ги терминалите на батеријата. Не дозволувајте нечистотијата да дојде
во допир со очите, кожата или устата. Темелно измијте ги рацете по контакт со
приклучоците за батеријата.
4. Погрижете се да има доволно вентилација. Гасовитиот водород (кислороден
водород) може да излезе од батеријата за време на полнењето и бавното
полнење.
3.2 Поврзување
1. Поврзете го (+)-приклучокот (во црвена боја) на полначот со (+)-полот на
батеријата.
2. Поврзете го (–) приклучокот (во црна боја) на полначот со (–) полот на
батеријата.
3. (–) терминалот за приклучок (во црна боја) може да се приклучи и на
каросеријата, но подалеку од водовите за гориво.
Напомена: Проверете дали приклучоците (+) и (–) се добро поврзани.
Дури потоа се приклучува мрежниот кабел.
3.3 Исклучување на поврзувањето
1. Ставете го полначот во режим на подготвеност со притискање на копчето за
режим.
158
MK

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0 189 911 0100 189 912 010

Table of Contents