Huawei FRA-B19 Quick Start Manual page 47

Hide thumbs Also See for FRA-B19:
Table of Contents

Advertisement

Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи
потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го
безжичниот уред додека возите.
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна
или нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на
бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во допир
со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на уредот. Исклучете го
полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот. Консултирајте
се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим", тој
мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Член 2.5 во IEC60950-1/EN60950-1/UL60950-1 и дека е тестиран и
одобрен според националните или локалните стандарди.
Заштитете го уредот за носење и неговите додатоци од силен удар, силни вибрации, гребаници и остри предмети, бидејќи тие може да го
оштетат уредот.
Уредот за носење и неговите додатоци треба да бидат чисти и суви. Не носете го уредот за носење премногу лабаво или цврсто додека
вежбате. Исчистете ги зглобот и уредот по вежбањето. Исплакнете го и исушете го уредот за да го исчистите пред да го ставите повторно.
Ако уредот за носење е направен за пливање и туширање, задолжително редовно чистете го ремчето, а зглобот и уредот нека бидат суви
пред да го ставите уредот повторно.
Малку разлабавете го ремчето во текот на денот за да овозможите дишење на кожата. Ако почувствувате неудобност додека го носите
уредот за носење, извадете го уредот и оставете го зглобот да се одмори. Ако сѐ уште чувствувате неудобност, извадете го уредот за
носење и консултирајте се со доктор што е можно побрзо. Исто така, може да купите ремчиња направени од други материјали и со разни
дизајни од официјалната веб-локација на Huawei.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот со пречкртана канта за ѓубре со тркала на производот, батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите
електронски производи и батерии мора да се однесат во посебни места за собирање отпад по крајот на нивниот работен век. Тие не смеат
да се фрлаат во нормалниот отпад заедно со отпадот од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли опремата на соодветно место
или кај служба за собирање за посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии според локалните
закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема (ЕЕЕ) ќе
се рециклира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното ракување,
случајното кршење, оштетување и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно за здравјето и
околината. За повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот од електричната и електронската опрема, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
Намалување на опасните супстанции
Овој уред и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на
одредени опасни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде
што се вклучени). За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/certification.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Барања за изложување на радиофреквенции
Уредот е радиопредавател и радиоприемник со ниска моќност. Како што е препорачано со меѓународните упатства, уредот е направен да не
ги надминува ограничувањата на Европската комисија за изложување на радиобранови.
Изјава
Со овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред FRA-B19 е во согласност со неопходните барања и другите релевантни
одредби од Директивата 2014/53/ЕУ.
Најновата и важечка верзија на ИС (Изјава за сообразност) може да се види на https://consumer.huawei.com/certification.
Овој уред може да се користи во сите земји членки на ЕУ.
Почитувајте ги националните и локалните прописи каде што се користи уредот.
Употребата на овој уред може да биде ограничена, во зависност од локалната мрежа.
Фреквенциски опсези и моќност
(a) Фреквенциски опсези на работа на радиоопремата: некои опсези може да не се достапни во сите земји или сите области. Контактирајте
со локалниот оператор за подетални информации.
(б) Максимална радиофреквентна моќност емитувана во фреквенциски опсези во кои работи радиоопремата: максималната моќност за
сите опсези е помала од највисоката гранична вредност наведена во соодветниот Усогласен стандард.
Номиналните ограничувања на фреквенциските опсези и енергијата што се пренесува (се зрачи и/или се емитува) применливи за оваа
радиоопрема се следни: Bluetooth: 10 dBm.
45

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents