Philips InnoSpire Go Manual page 148

Hide thumbs Also See for InnoSpire Go:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
1. Рачен апарат
2. Комплет за уста
3. Адаптер за наизменична струја
4. LiteTouch средна маска
(возраст 1 – 5 години)
5. Адаптер за маска
6. Копче за вклучување/исклучување
и LED индикатор
Упатство за употреба
Внимателно прочитајте го упатството пред првата употреба. Доколку не разбирате некој
дел од упатството, обратете се кај лекарот или јавете се во Одделот за корисничка поддршка
на Philips на телефонскиот број 1-724-387-4000.
Општи информации
Намена: InnoSpire Go е небулизатор со мрежа за општа употреба наменет за небулизација
на најчесто препишуваните течни лекови кои се вдишуваат за респираторни болести.
Наменет е за употреба од страна на еден пациент, со повеќе дози.
Може да го користат пациенти од сите возрасти, од бебиња/мали деца до возрасни.
Погоден е за употреба во домашни услови, но исто така може да се користи во болница/клиника.
Чувајте го ова упатство за подоцнежна употреба
Чувајте го пакувањето за чување на уредот или за враќање на производот.
Внимание
Се препорачува да се има резервен уред (на пр. калибриран инхалатор (MDI)) во случај да дојде
до ситуација кога небулизаторот не може да се употреби.
Не треба да го употребуваат пациенти кои се во несвест и не дишат спонтано.
Пациентот или негувателот на пациентот треба да ракува со уредот.
Користете го небулизаторот само со лекови што ви ги препишал лекарот.
Не го ставајте или чувајте производот на место од каде што би можело да падне во вода.
Не го потопувајте апаратот во вода или други течни средства за чистење.
Доколку рачниот апарат случајно падне во течност, веднаш отстранете го AC адаптерот
од ѕидниот приклучок пред да го извадите апаратот од течноста.
Ако истурите течност на апаратот, оставете го да се исуши пред да го користите.
Не го поставувајте апаратот онаму каде е тешко да се исклучи.
148
1128271R02_InnoSpireGo_Euro2_Spreads_IFU_10B_FINAL.indd 148
7. Капак на комора за лекот
8. Комора за лекот
9. Копче за ослободување на комплетот
за уста
10. Приклучок за напојување
(поглед одзади)
11. Торбичка за носење (не е прикажана)
11/8/17 5:07 PM

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents