Наменета Употреба - Makita MW001G Instruction Manual

Cordless microwave
Hide thumbs Also See for MW001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Вредностите се приближни и може да се разликуваат во зависност од статусот на полнењето
и условите на користење.
НАПОМЕНА: Проценето време на работењето со една батерија е околу половина од периодот кога се
користат две батерии.
Наменета употреба
Апаратот е наменет за загревање храна.
Важни мерки на претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот треба да го
сервисира само квалификуван персонал за
сервисирање. Контактирајте со најблискиот
овластен сервис за преглед, поправка или
приспособување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не обидувајте се да
ракувате со овој апарат со отворена врата,
бидејќи работата со отворени врати може
да резултира со штетна изложеност на
микробранова енергија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата (свиткана),
шарките (скршени или олабавени), заптивките
на вратата или површината за заптивање се
оштетени, микробрановата печка не смее да
работи додека не ја поправи обучено лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е за кој било,
освен за обучено лице, да врши каква било
услуга или операција за поправка која вклучува
отстранување на капакот што заштитува од
изложување на микробранова енергија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете го овој апарат
само за наменетата употреба како што е опишано
во упатството.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете корозивни
хемикалии или пареи во овој апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој тип на апарат е
специјално дизајниран за загревање, готвење
или сушење храна. Не е дизајниран за
индустриска или лабораториска употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите или другата
храна не смеат да се загреваат во затворени
садови бидејќи може да експлодираат.
1.
Овој уред е наменет за користење во
домаќинството и слични примени, како на
пример:
области во кујни за персоналот во
продавници, канцеларии и други
работни средини;
куќи на фарми;
од клиенти во хотели, мотели и
други средини од типот на станбени
простори;
средини од типот ноќевање со појадок.
2.
Не седете и не газете на апаратот. Не
ставајте предмети на апаратот.
3.
Овој уред може да се користи од страна на
деца на возраст од 8 години или постари
и лица со намалени физички, сетилни или
ментални капацитети или без доволно
искуство и познавање ако се под надзор
или им се даваат упатства за користење на
уредот на безбеден начин и ги разбираат
вклучените ризици.
4.
Децата не смеат да си играат со уредот.
5.
Ако забележите чад, исклучете го апаратот,
извадете ги батериите и држете ја вратата
затворена за да го задушите пламенот.
6.
Кога нема храна во внатрешноста, не
ракувајте со апаратот. Во спротивно, апаратот
може да се оштети.
7.
Не пробивајте ја мрежата на вратата на
печката. Во спротивно ќе предизвикате
истекување од микробрановата печка.
8.
Не ракувајте со апаратот во затворени
простори како што е шкаф.
9.
Поставете го апаратот на стабилна и рамна
површина.
10. Не ракувајте со апаратот додека виси. Не
користете ја рачката за носење за никаква
друга намена освен за носење на апаратот.
11.
Отстранете ја батеријата кога не го
користите апаратот.
12. Не поместувајте го апаратот додека работи.
13. Не користете го апаратот на дожд. Не
наводенувајте го апаратот. Ако апаратот е
изложен на вода, нека го провери нашиот
оддел за постпродажба.
14. Не чувајте го овој апарат на отворено. Не
користете го овој производ во близина на
вода, на пример, во близина на кујнски
мијалник, во влажен подрум, во близина на
базен или слични локации.
15. За да се намали ризикот од струен удар,
не ставајте го уредот во вода или друга
течност. Не ставајте го ниту складирајте го
апаратот на место каде што може да падне
или да биде повлечен во када или мијалник.
16.
Ако апаратот добие удар или падне, однесете
го во нашиот оддел за постпродажба за
преглед и одржување навреме.
17. Не покривајте ги и не блокирајте ги отворите
на апаратот.
18. Забрането е загревање запаливи
материјали и експлозиви, особено сув мраз.
19. Користете само прибор што е погоден за
употреба во микробранови печки.
20. За време на готвењето во микробранова
печка, не се дозволени метални садови за
храна и пијалаци.
21. Кога загревате храна во пластични или
хартиени садови, внимавајте на печката
поради можноста за запалување.
22. Течностите, како што се водата, кафето или
чајот, можат да се прегреат над точката на
вриење без да изгледаат како да вријат.
Видливо клокотење или вриење кога
садот се вади од микробрановата печка
не е секогаш присутно. ОВА МОЖЕ ДА
РЕЗУЛТИРА СО МНОГУ ЖЕШКИ ТЕЧНОСТИ
КОИ НАЕДНАШ ЌЕ ПРЕТЕЧАТ КОГА ЌЕ ГО
ПОМЕСТИТЕ САДОТ ИЛИ КОГА ЌЕ СТАВИТЕ
ПРИБОР ВО ТЕЧНОСТА.
239 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents