Makita HG6530V Instruction Manual page 75

Hide thumbs Also See for HG6530V:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога деловите се оштетени или
недостасуваат, контактирајте со
продавачот.
ОПШТИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, илустрации и
спецификации дадени со електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите упатства наведени
подолу, може да дојде до струен удар, пожар и/или
сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедност на работната област
1.
Користете чист и добро осветлен работен
простор. Ако просторот е натрупан и темен,
полесно може да се случи незгода.
2.
Не работете со електричните алати во
експлозивни атмосфери, на пример, ако
има запаливи течности, гасови или прав.
Електричните алати искрат и можат да ги
запалат правот или испарувањата.
3.
Децата и набљудувачите нека стојат
понастрана кога работите со електричен
апарат. Ако нешто го одвлекува вашето
внимание, може да изгубите контрола.
Електрична безбедност
Електричните приклучоци на електричните
1.
алати треба да одговараат на штекерот.
Никогаш и никако не менувајте го
електричниот приклучок. Не користете
електрични приклучоци-адаптери
со заземјени електрични алати.
Немодифицираните електрични приклучоци и
соодветните штекери го намалуваат ризикот од
електричен удар.
2.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки,
радијатори, шпорети и фрижидери. Постои
зголемен ризик од електричен удар ако вашето
тело е заземјено.
3.
Не изложувајте ги електричните алати на
дожд или на врнежливи услови. Ако вода
влегува во електричниот алат, тоа го зголемува
ризикот од електричен удар.
4.
Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење
или за исклучување на електричниот алат.
Кабелот држете го настрана од топлина,
масло, остри агли или подвижни делови.
Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат
ризикот од електричен удар.
5.
Кога го користите електричниот алат
на отворено, користете кабел наменет
за отворен простор. Ако користете кабел
соодветен за отворен простор, се намалува
ризикот од електричен удар.
6.
Ако мора со електричниот алат да работите
во влажен простор, користете заштитен
уред за диференцијална струја (RCD),
заштитена серија. Ако користите заштитен
уред за диференцијална струја, се намалува
ризикот од електричен удар.
7.
Секогаш се препорачува да се
користи струја преку заштитен уред за
диференцијална струја со оптоварување од
30 mA или помалку.
8.
Електричните алати може да создаваат
електромагнетни полиња (ЕМП) што не се
штетни за корисникот. Сепак, пред да работат
со овој електричен алат, корисниците на
пејсмејкери и други слични медицински уреди
треба да контактираат со производителот на
нивниот уред и/или лекарот за совет.
9.
Не допирајте го приклучокот за напојување
со влажни раце.
10. Доколку кабелот е оштетен, треба да се
замени кај производителот или неговиот
застапник за да се избегне опасност по
безбедноста.
Лична безбедност
1.
Бидете внимателни, гледајте што правите
и размислувајте разумно кога работите
со електричниот алат. Не користете го
електричниот алат кога сте уморни или
кога сте под дејство на дрога, алкохол или
на лекови. Момент на невнимание додека
работите со електричниот алат, може да
предизвика сериозна физичка повреда.
2.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очите. Заштитната опрема,
како на пример маска за прав, заштитни чевли
што не се лизгаат, тврда капа или заштита за
слухот, што се користи за соодветни услови, ќе
ги намали физичките повреди.
3.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување во извор на електрична
енергија и/или на батерија, пред подигање
или носење на алатот. Ако електричните
алати ги носите, а прстот ви е на прекинувачот
или тој е вклучен, може да дојде до несреќа.
4.
Отстранете ги клиновите или клучевите
за нагодување пред да го вклучите
електричниот алат. Ако оставите клин или
клуч во ротирачкиот дел од електричниот алат,
може да дојде до физичка повреда.
5.
Не посегнувајте предалеку. Одржувајте
добра стабилност и рамнотежа со нозете
цело време. Ова овозможува подобра
контрола на електричниот алат во неочекувани
ситуации.
6.
Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата и облеката држете
ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата коса
може да се заплеткаат во подвижните делови.
Ако има уреди за поврзување на делови за
7.
75 англиски

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hg6531c

Table of Contents