Македонски - Bosch D-tect 120 professional Original Instructions Manual

Hide thumbs Also See for D-tect 120 professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-2149-002.book Page 127 Monday, September 29, 2014 2:25 PM
Бракуване
Измервателния уред, допълнителните приспособления и
опаковките трябва да бъдат подложени на екологична пре-
работка за усвояване на съдържащите се в тях суровини.
Не изхвърляйте измервателни уреди и акумулаторни бате-
рии/батерии при битовите отпадъци!
Само за страни от ЕС:
Съгласно Европейска директива
2012/19/EC измервателни уреди и
съгласно Европейска директива
2006/66/ЕО акумулаторни или обикно-
вени батерии, които не могат да се из-
ползват повече, трябва да се събират от-
делно и да бъдат подлагани на подходяща
преработка за оползотворяване на съ-
държащите се в тях суровини.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив. Доколку мерниот алат
не се употребува според постојните
упатства, можно е да се нарушат
интегрираните предупредувања за заштита
на мерниот алат. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ
УПАТСТВА.
 Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
 Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
 Поради технички услови, мерниот уред не може да
гарантира стопроцентна сигурност. За да ги
избегнете опасностите, пред секое дупчење,
сечење со пила или глодање во ѕидови, плафони или
подови, обезбедете и друг извор на информации
како на пр. градежни планови, фотографии од
градежната фаза итн. Влијанијата на околината, како
влагата на воздухот или близината со други електрични
уреди може да ја попречат точноста на мерниот уред.
Составот и состојбата на ѕидот (на пр. влага, градежни
материјали што содржат метал, спроводливи тапети,
изолација, плочки) како и бројот, видот, големината и
положбата на објектите може да влијаат на резултатите
од мерењето.
Bosch Power Tools
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од трајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот мерен уред. При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Македонски | 127
1 609 92A 0Y7 | (29.9.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents