Bosch 0 601 513 000 Instructions Manual page 164

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
164 | Македонски
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (5) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Паралелен граничник со кружен секач (опрема)
За работење со паралелен граничник со кружен
отсекувач (23) (опрема) дебелината на делот што се
обработува треба да изнесува максимално 30 mm.
Паралелно сечење (види слика J): Олабавете ја завртката
за подесување (22) и вметнете ја скалата на паралелниот
граничник низ водилката (21) во основната плоча.
Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на
скалата на внатрешниот раб на основната плоча.
Зацврстете ја завртката за фиксирање (22).
Паралелниот граничник може во комбинација со
лизгачката шина (24) (опрема) да се употребува (види
слика K).
Кружно сечење (види слика L): На линијата за сечење во
кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е
доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете
го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може
сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (22) на другата страна
од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од
паралелниот граничник низ водилката (21) во основната
плоча. Во средината на делот за обработка во отворот
што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го
врвот за центрирање (25) низ внатрешниот отвор на
паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете
го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб
на основната плоча. Зацврстете ја завртката за
фиксирање (22).
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го
исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот
алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна
површина.
1 609 92A 4VE | (04.04.2019)
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Доколку излезот за прашина се затне, исклучете го
електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и
отстранете ги прашината и струготините.
Подмачкајте го водечкиот валјак  (9) одвреме-навреме
со неколку капки масло.
Редовно проверувајте го водечкиот валјак (9). Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената
специјализирана продавница Bosch.
Прифатот за листот за пилата редовно (13)
подмачкувајте го со масло (види слика M).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gst 150 bceProfessional gst 150 ce

Table of Contents