Philips 5000 Series Manual page 56

Hide thumbs Also See for 5000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедност
Пред да го користите апаратот, внимателно прочитајте ја оваа брошура со важни информации и
зачувајте ја за идни потреби.
Опасност
Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да
избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.
За да избегнете прегревање и пожар, немојте да го покривате уредот.
Предупредување
Некои делови од овој производ можат да станат многу жешки и може да предизвикаат
изгореници. Ако се присутни деца и ранливи лица, тие треба постојано да се надгледуваат.
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под
услов да се надгледуваат или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги
разбираат можните опасности.
Деца на возраст од 3 години и помали од 8 години треба да го вклучуваат/исклучуваат
апаратот само под услов да е поставен или инсталиран во предвидената нормална работна
положба и под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните опасности.
Деца на возраст од 3 години и помали од 8 години не смеат да го приклучуваат, употребуваат
и чистат апаратот или да вршат корисничко одржување.
Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен ако не се под
постојан надзор.
Децата не смеат да си играат со апаратот.
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
Не користете го овој грејач во мали простории кога во нив престојуваат лица кои не можат
самостојно да ја напуштат просторијата, освен ако не е обезбеден постојан надзор.
Кога уредот работи во режим на греење, температурата на површината постепено ќе се
зголемува. Не допирајте го отворот за излез на воздух за да не се изгорите.
За да се намали ризикот од пожар, чувајте ги текстилот, завесите, постелнините или кој
било друг запалив материјал на минимално растојание од 1 m од отворот за излез на
воздух. Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со поставување
предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот за влез на воздух.
Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за да спречите струјни
удари, повреди или пожар.
Уредот има компонента за греење. Не користете го апаратот во близина на плински апарати
и камини.
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу
апаратот.
Не користете ако има видливи знаци на оштетување на уредот, приклучокот и кабелот за
напојување.
Немојте да го користите уредот ако ви паднал.
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips,
односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се
избегне опасност.
Внимание
За да избегнете опасност поради случајно ресетирање на заштитата од прегревање, овој
апарат не смеете да го приклучувате на надворешен уред за прекинување на струјно коло,
како што е прекинувачот со тајмерска контрола, или на струјно коло кое програмирано се
вклучува и исклучува.
Уредот не смее да се наоѓа веднаш под ѕидниот штекер.
Приклучувајте само во ѕидниот штекер, не користете продолжителен кабел.
МК
50

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cx5120

Table of Contents