Samsung 5 Series User Manual page 28

Hide thumbs Also See for 5 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

Контролното копче на телевизорот претставува повеќенасочно копче кое овозможува навигација без
далечински управувач.
Некои функции, за кои е потребен PIN код, може да не бидат достапни.
Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.
Контролното копче на телевизорот, мало копче во вид на управувачка палка сместено на долната десна
страна на телевизорот, ви овозможува да го контролирате телевизорот без далечинскиот управувач.
Следете ги овие упатства, седејќи свртени кон предната страна на телевизорот.
При избирање на функцијата со движење на контролното копче во една од насоките нанапред/наназад/
лево/десно, внимавајте да не го притиснете контролното копче. Ако прво го притиснете, нема да можете
да ракувате со движењето во насоките нанапред/наназад/лево/десно.
Вклучување на напојувањето
Прилагодување на јачината на
звукот
Избирање на канал
Користење на менито за
функции
Избирање на функцијата
МЕНИ (m)
Избирање на функцијата
SMART HUB (™)
Избирање на функцијата
Извор (s)
Исклучи (P)
За затворање на функциите Мени, Smart Hub, или Извор, притиснете го контролното копче подолго од 1 секунда.
Режим на подготвеност
Вашиот телевизор ќе премине во режим на подготвеност кога ќе го исклучите и тој ќе продолжи да троши мало количество на
електрична енергија. За да бидете безбедни и да ја намалите потрошувачката на енергија, не го оставајте вашиот телевизор подолг
период во режим на подготвеност (на пример, кога ќе отпатувате на одмор). Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.
[UE5300-XH]BN68-04053E-01L17.indb 5
Преглед на контролната плоча
Лево
Контролно копче
на телевизорот
Вклучете го телевизорот со притиснување на контролното копче кога
телевизорот е во режим на подготвеност.
Со движење на контролното копче од една на друга страна, кога
напојувањето е вклучено, може да ја прилагодувате јачината на звукот.
Изберете канал со поместување на контролното копче наназад и нанапред,
кога напојувањето е вклучено.
За прегледување и користење на менито за функции, притиснете и отпуштете
го контролното копче кога напојувањето е вклучено. За затворање на менито
за функции, повторно притиснете и отпуштете го контролното копче.
Штом се појави менито за функции, изберете МЕНИ (m) со поместување на
контролното копче на лева страна. Ќе се појави менито на екранот (OSD). Изберете
опција со поместување на контролното копче на десна страна. Поместете го
контролното копче на десна или лева страна или, пак, наназад и нанапред за да
извршите дополнителни избирања. За промена на некој параметар, прво изберете
го параметарот, а потоа притиснете го контролното копче.
Штом се појави менито за функции, изберете SMART HUB (™) со
поместување на контролното копче наназад. Ќе се појави главниот екран
на функцијата SMART HUB. Изберете некоја апликација со поместување на
контролното копче, а потоа притиснете го контролното копче.
Штом се појави менито за функции, отворете ја функцијата Извор (s) со
поместување на контролното копче на десна страна. Ќе се појави екранот на
функцијата Извор. За да изберете Извор, поместете го контролното копче наназад
и нанапред. Кога ќе го означите саканиот извор, притиснете го контролното копче.
Штом се појави менито за функции, изберете Исклучи (P) со повлекување
на контролното копче нанапред, а потоа притиснете го контролното копче.
Македонски - 5
Мени за функции
m
R
P
Сензор за далечинскиот управувач
Нагоре (позади)
Десно
Надолу (напред)
2012-03-20
8:13:18

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents