•
Фотоапарат: За зачувување информации за локацијата кога се
прават фотографии или снимаат видео-записи.
•
Историја на локација на Google: За конфигурирање на поставките
за историјата на локациите од Google.
Сметки и синхронизација
Можете да додавате или управувате со сметки, вклучувајќи ја и сметката
на Google. Исто така, може автоматски да синхронизирате конкретни
апликации или информации за корисникот.
1
На екранот за поставки, допрете на Општо Сметки и
синхронизација.
2
Приспособете ги следниве поставки:
•
Автоматско синхронизирање на податоци: За автоматско
синхронизирање на сите регистрирани сметки.
•
СМЕТКИ: За преглед на листата со регистрирани сметки. За да ги
погледнете или промените деталите на одредена сметка, допрете
на сметката.
•
ДОДАДИ СМЕТКА: За додавање сметка.
Пристапност
Можете да управувате со додатоците за пристапност кои се инсталирани
на вашиот уред.
1
На екранот за поставки, допрете на Општо Пристапност.
2
Приспособете ги следниве поставки:
•
Визија TalkBack: За поставување на уредот да известува со глас за
статусот на екранот или дејствата .
•
Визија Гласовни известувања за порака/повик: За поставување
на уредот да ги чита со глас информациите за повикувачот или
содржината на пораката.
•
Визија Големина на фонт: За промена на големината на фонтот.
•
Визија Задебелен текст: За задебелување на текстот на екранот.
•
Визија Допрете зум: За зголемување или намалување на
приказот со допирање на екранот трипати.
Поставки на телефонот
96