Bosch MA 55 Professional Original Instructions Manual page 47

Hide thumbs Also See for MA 55 Professional:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-1437-004.book Page 47 Tuesday, August 30, 2016 12:21 PM
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Продолжетокот за муницијата е наменет за ефикасно брзо
завртување на саморезни завртки, завртки за иверки и
дрвни структури. Продолжетокот за муницијата смее да се
користи само во комбинација со следниве саморезни
завртки:
– GSR 6-25 TE (3 601 D45 0..)
– GSR 6-45 TE (3 601 D45 1..)
– GSR 18 V-EC TE (3 601 JC8 0..)
– GSR 10,8 V-EC TE (3 601 JE4 0..)
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на продолжетокот за муницијата на графичката
страница.
1 Битови за одвртувач за топчест затворач
2 Прифат на алатот
3 Граничник за завртките
4 Појас со завртки*
5 Чивија за подесување на должината на завртките
6 Назабено тркалце за длабочина на завртување
7 Скала за длабочина на завртување
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Продолжеток за муниција
Број на дел/артикл
Големина на завртки
– Должина на завртки
– макс. дијаметар на вратилото
– макс. дијаметар на главата на
завртките
Тежина околу
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Монтажа на продолжетокот на муницијата
Извлечете го ев. монтираниот стандарден граничник за
длабочина на дупчалката-одвртувач.
Повлечете го ев. монтираниот стандарден држач за
битови кон напред. За да го извадите битот или држачот за
битови може да употребите помошен алат.
Bosch Power Tools
Ставете го специјалниот бит за одвртувачот 1 во прифатот
за алат 2 на дупчалката-одвртувач.
Повлечете го продолжетокот за муницијата над битот на
одвртувачот 1 до крај на куќиштето на моторот.
Продолжетокот за муницијата може да го подесите во 45°-
чекори, за да може безбедно и неуморно да работите.
Ставање на појасот со завртки (види слика A)
 Ставете го појасот со завртки само доколку
електричниот апарат е вклучен.
Вметнете го појасот со завртки 4 низ водилката за појасот,
додека првата завртка не се вклопи пред средишната
точка на граничникот за завртки 3.
Употреба
Подесување на должината на завртките
(види слика B)
Додаток за муницијата мора да се прилагоди на должината
на завртките. Притиснете ја чивијата 5. Поместувајте го
граничникот за завртки 3, додека на скалата не се
поклопат стрелките со должината на завртките и чивијата
на отскокне во стартна позиција.
Поставување на длабочината на зашрафување
(види слика C)
Со вртење на назабеното тркалце 6 надолу се
постигнува поголема длабочина на завртување, а со
вртење нагоре помала длабочина на завртување.
Избраната длабочина на завртување се прикажува
симболично на скалата 7.
Најдобро ќе подесите доколку направите пробно
зашрафување.
Совети при работењето
 Пред почетокот на завртувањето проверете го
правецот на вртење на дупчалката-одвртувач.
MA 55
Продолжетокот за муницијата може да се користи
1 600 Z00 00Y
само во позиција Правец на вртење-десно.
Секогаш работете правоаголно кон делот што се
мм
25–55
обработува.
мм
5
Вклучете ја дупчалката-одвртувач и поставете го
граничникот за завртки 3 на местото на прицврстување.
мм
9,5
Притискајте со рамномерен притисок на површината на
кг
0,36
делот за обработка, додека не се заврти завртката.
При краткотрајното подигање на граничникот за завртки 3
од делот што се обработува, следната завртка се префрла
во работна позиција.
Веќе искористените завртки не може да се испукаат со
продолжетокот за муниција ниту пак повторно да се
прицврстат. При ваков случај користете ја дупчалката-
одвртувач без продолжеток за муницијата.
Македонски | 47
1 609 92A 2PD | (30.8.16)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents